Добра Вода

планина во западна Македонија
(Пренасочено од Челоица)

Добра Вода — висока венечна планина во Македонија што се издига помеѓу долината на Мала Река од исток и Кичевската Котлина од запад[1]. На север започнува од Дупен Камен (1.857 м), со којшто е одделена од Сува Гора, а на југ се протега до долината на реката Треска. Централното било има динарски правец на протегање северозапад - југоисток. Се дели на два дела: северен (познат и под името Челоица) со највисок врв Добра Вода (2.062 м) и јужен (познат како Песјак) со врвовите Кула (1.917 м) и Коњарник (1.874 м). Зафаќа вкупна површина од 396 км2. Неотектонските движења овде се особено манифестирани, така што од сите страни е ограничена со раседи. Планинското било се протега во должина од 25 км. Највисокиот дел е под пасишта, а планинските страни се под дабова и букова шума.[2]

Добра Вода
Поглед на Добра Вода и истоимениот врв
Највисока точка
ВрвДобра Вода
Надм. вис.2.062 м
Географија
Добра Вода на карта

Карта

Туризам уреди

На планината постои планинарски дом наречен „Железна Река“.[3]

Поврзано уреди

Наводи уреди

  1. „Студија за геодиверзитетот и геонаследството на Република Македонија и другите компоненти на природата (биолошка и пределска разновидност)“ (PDF). Скопје: Министерство за животна средина и просторно планирање. 2016. стр. 107. Посетено на 16 јануари 2024.
  2. Македонска енциклопедија. I. МАНУ. ISBN ISBN 978-608-203-024-1 Проверете ја вредноста |isbn=: invalid character (help).
  3. „Планинарски дом „Железна река" Сува Гора“. Посетено на 2009-10-17.

Галерија уреди