Плакенска Планина

Плакенска Планина или Пространска Планина — средновисока планина во Југозападна Македонија со динарски правец на протегање СЗ–ЈИ.[1] Највисок врв е Сталев Камен (1.999 м), по којшто некои ја нарекуваат „Плакенска Планина“, а висок е и врвот Коњарник (1.919 м). Други повисоки врвови се: Дупен Камен, Дамов Гроб, Грамада и Црни Врв.[2]

Плакенска Планина
Пространска Планина
планински масив
Поглед на Плакенска Планина
Регион Македонија Македонија
Највисока точка Сталев Камен
 - височина 1.999 м

Во источното подножје на планината се наоѓа селото Прострање, поради што таа се нарекува и „Пространска Планина“. Планината се протега помеѓу долината на Боишка Река и Демир Хисар на исток и котлината Дебрца на запад. Кон југ билото на Плакенската Планина продолжува во Бигла. Геолошкиот состав е претставен со кристалести шкрилци преку кои лежат тријаски варовници. Кон запад течат Голема и Коселска Река, а кон исток Пространска, Вировска Река и Големача, притока на Боишка Река. Планинските страни се под шума, а високите делови под планински пасишта[3].

Поврзано уреди

Наводи уреди

  1. Milošević, Miodrag (1967). Geografija Jugoslavije (III. изд.). Naučna knjiga.
  2. Александар Матески, „Плакенска Планина“, Економија и бизнис, година 18, број 219, септември 2016, стр. 106-107.
  3. Павловски, Јован (2006). Ми-Анова енциклопедија: М-П. Книгоиздателство МИ-АН. ISBN 9989-613-91-5, ISBN 9789989613913 Проверете ја вредноста |isbn=: invalid character (help).

Координати: 41°15′12″N 20°55′41″E / 41.25333° СГШ; 20.92806° ИГД / 41.25333; 20.92806