Круша

(Пренасочено од Круши)
Круша

Крушата (науч. Pyrus) — средноевропско овошје, кое најмногу се одгледува во Европа, Северна Америка и Азија. Најпознати производители на круши се Италија, САД и Кина.

Круша
Обична круша
Pear fruit cross section
Научна класификација [ у ]
Царство: Растенија
клад: Скриеносеменици
клад: Евдикоти
клад: Розиди
Ред: Розовидни
Семејство: Рози
Потсемејство: Сливи
Племе: Јаболкови
Род: Круша
L.
Видови

околу 30

Веројатно најстарото сè уште родно дрво на круша во Македонија е од сортата „боздонка“ и се наоѓа во Ресен, во дворот на една семејна куќа во близина на Сарајот. Се претпоставува дека дрвото било засадено во времето на Нијази-бег пред околу 150 години. Крушата е висока над 10 метри и таа е една од ретките круши во Ресен што не ја уништила болеста ервенија.[1]

Крушата како лек

уреди

Најновото научно истражување покажало дека крушите не само што го намалуваат нивото на холестерол во крвта, ја олеснуваат констипацијата (запек) и имаат противвоспалително дејство, туку помагаат и во лекувањето на мамурлакот.

Така, пиењето сок од круша пред консумирањето алкохол би можело драстично да го намали ризикот од мамурлак и да го намали нивото на алкохол во крвта. Најдобрата превенција би била 200 мл сок од корејска круша, но и консумирањето на самото овошје е доволно за позитивно дејство. Од друга страна, консумирање на сокот откако веќе сте консумирале алкохол, нема никакво дејство[2].

Крушата е едно од најздравите видови овошје кое може да се јаде свежо, а со него може да се прават и салати и свежи сокови кои изобилуваат со здравје. Крушата има витамин Ц, има фруктоза и гликоза, како и пектин кој служи за добра функција на дебелото црево.

Крушата е извор за енергија, штити од настинки и грипови, го нормализира притисокот и помага да се намали ризикот од појава на рак[3].

Галерија

уреди

Сорти на круши

уреди

Производство

уреди
Производство на круши во 2014 г.
Земја Производство
милиони тони
  НР Кина
18,0
  Аргентина
0,77
  САД
0,75
  Италија
0,70
  Турција
0,46
Свет
25.8
UN Food & Agriculture Organization, Statistics Division[4]

Крушата како тема во уметноста

уреди

Наводи

уреди
  1. „Постара е од Нијази-бег и 150 години раѓа плодови“, Дневник, година XVIII, број 5596, понеделник, 20 октомври 2014, стр. 27.
  2. „Круша – сега и научно докажан лек за мамурлак - vesti.mk“. vesti.mk (англиски). Посетено на 2017-09-16.[мртва врска]
  3. „Крушата како лек – Нема да верувате за што сè помага оваа овошка – Gotvi.mk“. gotvi.mk (англиски). Посетено на 2017-09-16.
  4. „Production of pears, 2014, Crops/Regions/World Regions/Production Quantity by pick lists“. UN Food & Agriculture Organization, Statistics Division. 2017. Архивирано од изворникот на 2016-11-22. Посетено на 23 June 2017.
  5. Блаже Конески, Збор и опит 1. Скопје: Арс Ламина - публикации, Арс Либрис, 2021, стр. 69.
  6. Блаже Конески, Збор и опит 1. Скопје: Арс Ламина - публикации, Арс Либрис, 2021, стр. 166.
  7. Глигор Поповски, Маслинови гранчиња. Просветно дело, Редакција „Детска радост“, Скопје, 2004, стр. 60-64.
  8. Бошко Смаќоски, Модричка тетратка. Просветно дело, Редакција „Детска радост“, Скопје, 2004, стр. 32-34.
  9. Оливера Ќорвезироска, Две перници. Скопје: Три, 2010, стр. 119-122.