Пролет
Годишни времиња |
Пролет |
Лето |
Есен |
Зима |
Пролет — едно од четирите умерени годишни времиња. Пролетта го означува преминот од зима во лето. Нејзините денови се долги околу 12 часа со растечка дневна должина, и настануваат некаде пред рамноденицата. Едногодишните растенија цветаат во пролетта. Во северната полутопка, празниците како Велигден и Ден на планетата Земја се случуваат во пролет, која трае од мај до јуни. Во јужната полутопка, празниците како Рош ашана и Јом кипур се случуваат во пролет, која трае од септември до декември. Исто така, сезоната на тропски циклони започнува за време на доцна пролет во двете полутопки, иако е поретка во северниот Атлантски Океан отколку во басените на другите океани.
Дефиниција
уредиМетеоролозите, воопшто ги дефинираат четирите годишни времиња во повеќе климатски области, зима, пролет, лето и есен. Тие се разграничуваат според вредноста на нивните просечни температури на месечна основа, со секое годишно време да трае три месеци. Трите најжешки месеци според дефиницијата се лето, трите најстудени се зима, а посредните празнини се пролет и есен. Пролетта, дефинирана според овој став, може да започне на различни датуми во различни региони. во мнозинството на локациите во северната полутопка, пролетта настанува за време на месеците март, април и мај. (Лето во јуни, јули, август; Есен во септември, октомври, ноември; Зима во декември, јануари, февруари.) Мнозинството од јужната полутопка ќе има спротивни годишни времиња со пролетта во септември, октомври и ноември.[1]
На северната полутопка пролетта започнува на 21 март, а завршува на 21 јуни.
Пролетта како тема во уметноста и во популарната култура
уредиЧесто, пролетта се јавува како тема во уметноста и во популарната култура.
Пролетта како тема во книжевноста
уреди- „Првата пролетна песна“ (српски: Прва прољетна песма) — песна на српскиот писател Иво Андриќ од 1914 година.[2]
- „Пролетта ми буди преплавени чувства“ — расказ на македонската писателка Христина Аслимоска од 2005 година.[3]
- „Пролет во фабриката“ — песна на македонскиот поет Никола Јонков Вапцаров.[4]
- „Пролет“ — песна на Никола Јонков Вапцаров.[5]
- „Пролет“ — песна на Никола Јонков Вапцаров.[6]
- „Пролетта и децата“ — песна на ирачкиот поет Абдул Вехаб ал-Беати.[7]
- „Пролет“ — песна на рускиот поет Евгениј Винокуров.[8]
- „Отвори ѝ прозорец на пролетта“ — песна за деца на хрватскиот поет Григор Витез.[9]
- „За татковината и пролетта“ — песна на македонскиот писател Славко Јаневски од 1966 година.[10]
- „Белградските баби и пролетта“ (српски: Београдске баке и пролеħе) — песна на српскиот поет Јован Јовановиќ - Змај.[11]
- „Мало пролетно чистење“ — расказ на израелскиот писател Ефраим Кишон од 1977 година.[12]
- „Пролет“ — песна на словенечкиот поет Каетан Кович.[13]
- „Пролет“ — песна на македонскиот поет Блаже Конески.[14]
- „Пролетна вечер“ — песна на македонскиот поет Блаже Конески.[15]
- „Пролет, 1918“ (хрватски: Proljeće hiljadudevetstotina i osamnaeste) — песна на хрватскиот писател Мирослав Крлежа.[16]
- „Пролет“ (руски: Весна) — песна на рускиот поет Владимир Мајаковски од 1918 година.[17]
- „Исцрпна слика на пролетта“ — песна на рускиот поет Владимир Мајаковски од 1913 година.[18]
- „Поетот и пролетта“ (српски: Pesnik i proleće) — песна на српската поетеса Десанка Максимовиќ.[19]
- „Наеднаш сум опиена со пролетта“ (српски: Najednom sam prolećem opijena) — песна на Десанка Максимовиќ од 1983 година.[20]
- „Пролетна тага“ (српски: Prolećna seta) — песна на Десанка Максимовиќ од 1983 година.[21]
- „Пролетни песни (српски: Proletnje pesme)“ — песна на Десанка Максимовиќ.[22]
- „Пролетна песна“ (српски: Prolećna pesma) — песна на Десанка Максимовиќ.[23]
- „Девојката ѝ се радува на пролетта“ (Devojka se raduje proleću) - песна на Десанка Максимовиќ.[24]
- „Пролет, а јас венам“ (српски: Proleće, a ja venem) — песна на Десанка Максимовиќ.[25]
- „Во пролет“ (српски: U proleće) — песна на Десанка Максимовиќ.[26]
- „Што направи пролетта“ — песна на македонскиот поет Живко Николовски.[27]
- „Пролет (пет песни)“ — поетски циклус на рускиот писател Борис Пастернак од 1918-1922 година.[28]
- „Пролет во шумата“ — песна на Борис Пастернак од 1956 година.[29]
- „Ти ли беше, пролет“ — песна на македонскиот писател Видое Подгорец.[30]
- „Во пролет“ — песна на германскиот поет Рајнер Марија Рилке.[31]
- „Збогум, пролет“ — збирка поезија на чешкиот поет Јарослав Сајферт од 1937 година.[32]
- „Пролет“ — песна на македонскиот писател Бошко Смаќоски.[33]
- „Кратката пролет на Моно Самоников“ — роман на Димитар Солев, од 1964 година.[34]
- „Пролет“ — песна на полскиот поет Леополд Стаф.[35]
- „Пролет“ — песна на арапскиот поет Абу Тамам.[36]
- „Грчка пролет“ — книга на германскиот писател Герхарт Хауптман.[37]
- „Звукопис на пролетта“ — песна на рускиот поет Велимир Хлебников од 1921-1922 година.[38]
- „Пролет (српски: Proljeće)“ — расказ на српскиот писател Бранко Ќопиќ.[39]
Пролетта како тема во сликарството
уреди- „Флора, алегорија на пролетта“ (хрватски: Flora, Alegorija proljeća) — фреска на хрватскиот сликар Иван Рангер од 1750 година.[40]
- „Пролет во градината“ (хрватски: Proljeće u vrtu) — слика на хрватскиот уметник Фердо Ковачевиќ од 1913 година.[40]
Пролетта како тема во музиката
уреди- „Будење на пролетта“ — песна на македонската рок-група Mooger Fooger.[41]
- „Пролет“ (англиски: Spring) — песна на американската хард-кор група Рајтс оф спринг (Rites of Spring).[42]
- „Бојата на пролетта“ (англиски: The Colour of Spring) — музички албум на англиската поп-рок група Ток Ток (Talk Talk) од 1986 година.[43]
Настани
уредиПразници
уредиНаводи
уреди- ↑ Metoffice.gov.uk
- ↑ Иво Андрић, Ex Ponto - Немири - Лирика. Београд: Просвета, 1977, стр. 149.
- ↑ Христина Аслимоска, Разделба со детството. Скопје: Детска радост, 2005, стр. 36.
- ↑ Никола Ј. Вапцаров, Песни. Скопје: Македонска книга, Мисла и Култура, 1988, стр. 50-51.
- ↑ Никола Ј. Вапцаров, Песни. Скопје: Македонска книга, Мисла и Култура, 1988, стр. 85-95.
- ↑ Никола Ј. Вапцаров, Песни. Скопје: Македонска книга, Мисла и Култура, 1988, стр. 134.
- ↑ Arapska poezija. Beograd: Rad, 1977, стр. 120.
- ↑ Антологија руске лирике – X-XXI век. Књига II: Прва четвртина – средина XX века (авангарда и социјалистички реализам). Београд: Paidea, 2007, стр. 247.
- ↑ Григор Витез, Песни. Мисла, Македонска книга, Култура, Наша книга и Детска радост, Скопје, 1990, стр. 58.
- ↑ Славко Јаневски, Евангелие по Итар Пејо. Скопје: Кочо Рацин, 1966, стр. 70.
- ↑ Јован Јовановиħ Змај, Песме. Београд: Рад, 1963, стр. 237-238.
- ↑ Ephraim Kishon, Kod kuće je najgore – Obiteljske priče, drugo izdanje. Zagreb: Znanje, 1984, стр. 19-22.
- ↑ Поетска читанка: Избор од македонската и светската поезија за деца, Просветно дело, Редакција „Детска радост“, Скопје, 2005, стр. 40.
- ↑ Блаже Конески, 'Везилка. Скопје: Арс Ламина - публикации, Арс Либрис, 2021, стр. 26.
- ↑ Блаже Конески, Поезија. Скопје: Просветно дело, Редакција „Детска радост“, 2011, стр. 99-100.
- ↑ Miroslav Krleža, Lirika. Sarajevo: Svjetlost, 1966, стр. 34-35.
- ↑ Владимир Мајаковски, Песме и поеме. Нови Сад: Академска књига, 2015, стр. 103.
- ↑ Антологија руске лирике – X-XXI век. Књига II: Прва четвртина – средина XX века (авангарда и социјалистички реализам). Београд: Paidea, 2007, стр. 140.
- ↑ D. Maksimović, Pesme. Beograd: Rad, 1964, str. 5.
- ↑ Desanka Maksimović, Izabrane pesme (peto dopunjeno izdanje). Beograd: BIGZ, 1985, стр. 120.
- ↑ Desanka Maksimović, Izabrane pesme (peto dopunjeno izdanje). Beograd: BIGZ, 1985, стр. 124.
- ↑ Desanka Maksimović, Izabrane pesme (peto dopunjeno izdanje). Beograd: BIGZ, 1985, стр. 18.
- ↑ D. Maksimović, Pesme. Beograd: Rad, 1964, str. 11.
- ↑ D. Maksimović, Pesme. Beograd: Rad, 1964, str. 14.
- ↑ D. Maksimović, Pesme. Beograd: Rad, 1964, str. 49.
- ↑ D. Maksimović, Pesme. Beograd: Rad, 1964, str. 72-75.
- ↑ Живко Николовски, Низа ситно нанижана. Скопје: Детска радост, 1985, стр. 48.
- ↑ Борис Леонидович Пастернак, Изабране песме. Нови Сад: Orpheus, 2011, стр. 89-95.
- ↑ Борис Леонидович Пастернак, Изабране песме. Нови Сад: Orpheus, 2011, стр. 245-246.
- ↑ Видое Подгорец, И сончогледите спијат. Скопје: Македонска книга, Детска радост, Култура, Мисла, Наша книга, 1990, стр. 20-21.
- ↑ Рајнер Марија Рилке, Искуство тишине. Београд: Paideia, 2014, стр. 86.
- ↑ „Izabrana bibliografija Jaroslava Sajferta“ во: Jaroslav Sajfert, Stub kuge. Beograd: Mali vrt, 2014, стр. 93-94.
- ↑ Бошко Смаќоски, Модричка тетратка. Просветно дело, Редакција „Детска радост“, Скопје, 2004, стр. 49.
- ↑ Димитар Солев, Кратката пролет на Моно Самоников. Скопје: Култура, 1964.
- ↑ Savremena poljska poezija. Beograd: Nolit, 1964, стр. 23-24.
- ↑ Arapska poezija. Beograd: Rad, 1977, стр. 46-47.
- ↑ B. P., „Gerhart Hauptman“, во: Gerhart Hauptman, Čuvar pruge Til – Jeretik iz Soane. Beograd: Rad, 1960, стр. 129.
- ↑ Антологија руске лирике – X-XXI век. Књига II: Прва четвртина – средина XX века (авангарда и социјалистички реализам). Београд: Paidea, 2007, стр. 18.
- ↑ Branko Ćopić, Parohija tužnoga đavola. Beograd: Rad, 1964.
- ↑ 40,0 40,1 Središnja Hrvatska - Dvori s pogledom, Hrvatska turistička zajednica, 2009.
- ↑ Mooger Fooger, 4th of July, Corpus Delicti Records, CD 001.
- ↑ Discogs, Rites Of Spring – End On End (пристапено на 3.10.2021)
- ↑ Talk Talk - The Colour of Spring (1986) FULL ALBUM (пристапено на 2.4.2024)
Оваа статија од областа на географијата е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |