Грагор

(Пренасочено од Чакал)

Грагор[1][2] или чакал[3][4] — седиментна карпа која се состои од неврзани зрна со одредена големина. Во геологијата, грагорот е секоја растресита карпа со заоблени зрна што се поголеми од 2 и помали од 75 милиметри.

Грагор. Најголемото зрно на сликата е со големина од околу 4 см.

Грагорот е најкористениот материјал во градежништвото. Во зависност од апликацијата, постојат потреби за употреба на грагор чии зрна припаѓаат на одреден опсег на големини. Таков грагор се добива со просејување, односно сепарација.

На овој начин, грагорот со процесот на раздвојување се делив во групи наречени сепарации.

Сепарација на песок и грагор во Германија

Во Македонија, грагорот обично се добива со ископ на материјал од речните брегови. По миењето, таквиот грагор неформално се нарекува „природен грагор“, со чија сепарација се добиваат следниве групи:

  • Сепарација 1: (песок) 0 до 4
  • Сепарација 2: 4 до 8
  • Сепарација 3: 8 до 16
  • Сепарација 4:16 до 32 и
  • Сепарација 5: пречник над 32.

Со сепарација на кубен метар природен грагор, зафатнината на производот е поголем од кубен метар. Просечната специфична маса на природен грагор е ρ = 1800 кг/м3, додека специфичните маси на сепарациите се како што следува:

  • Сепарација 1: 1450 кг/м3
  • Сепрација 2: 1520 кг/м3
  • Сепарација 3: 1550 кг/м3
  • Сепарација 4: 1550 кг/м3
  • Сепарација 5: 1500 кг/м3.

Поврзано

уреди

Наводи

уреди

Литература

уреди
  • Ђорђевић В., Ђорђевић П., Миловановић Д. 1991. Основи петрологије. Београд: Наука

Надворешни врски

уреди