Градешка Река

река во Македонија

Градешка Река (понекогаш Градешничка Река[1]), позната и како Ковачица, Карлабашка Река, Старавинска Река, Урупска Река и Камена Река ​— река во јужниот дел на Македонија, во областа Мариово, и десна притока на Црна Река. Во минатото на оваа река работеле голем број воденици.[2] На реката е изграден познатиот Зовички мост.[3]

Градешка Река
Камениот мост во Зовиќ над Градешка Река
Местоположба
Физички особености
Извор 
 • местоКозјак
 • надм. вис.1.600 м
Устие 
 • место
Црна Река
 • координати
41°08′22″N 21°41′46″E / 41.13944° СГШ; 21.69611° ИГД / 41.13944; 21.69611
 • надм. вис.
410 м
Должина26 км
Големина на сливот116 км2[б 1]
Особености на сливот
ТечениеЦрна РекаВардарЕгејско Море
Речен сливВардар

Течение

уреди

Реката извира на планината Козјак на надморска височина од 1.600 м, а во Црна Река се влева под селото Чебрен на надморска височина од 410 м. Од Старавина до вливот во Црна Река долината на реката е кањонска.[4] Нејзина главна десна притока е реката Сатока која ја прима во месноста Еленик.[2]

Хидрографија

уреди

Вкупната должина на реката изнесува 26 км. Сливното подрачје зафаќа површина од 116 км2 и припаѓа на Егејскиот речен слив. Реката извира на надморска височина од 1.600 м, а нејзиниот влив е на надморска височина од 410 м, така што релативниот пад изнесува 45,8 ‰.[4]

Галерија

уреди

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 Петрушевски, Илија; Маркоски, Благоја (2014). Реките во Република Македонија. Скопје: Геомап. стр. 25. ISBN 978-9989-2117-6-8.
  2. 2,0 2,1 Градешка Река, Мариово“. Rural Adventure.
  3. „Макриевска, О. (2014). „Експертски извештај за историските знаменитости во општина Новаци“. Проект „Жива историја — жива природа. стр. 29.
  4. 4,0 4,1 „Риболовна основа за риболовна вода „Слив на Црна Река" за период 2016-2022“ (PDF). Скопје: Институт за сточарсво. стр. 7. Посетено на 6 октомври 2021.

Белешки

уреди
  1. Според друг извор, речниот слив зафаќа површина од 119,5 км2.[1]

Надворешни врски

уреди