Кумани
Кумани (Половци) — номадски племиња од туркиско потекло. Се смета дека името Куман потекнува од „kõk-män“, што значи „синоок човек“. Така, старите Руси ги нарекувале Куманите со името Половци, а на староруски јазик зборот „половый“ значи син.[1] Во XI век се доселиле од Азија во Европа, населувајќи ги јужноруските степи од Урал до Днепар (претежно меѓу реките Волга и Днепар)[2] и териториите во долниот тек на Дунав. Половците живееле поделени во помали племиња на чие чело биле ханови. Како византиски сојузници, учествувале во битката против Печенезите кај Левунион (1091). Потиснати од Монголците (1230), се повлекле во Унгарија, Бугарија и Византија.
Во 11 век упаѓале и на територијата на Македонија со цел вршење грабежи. Никејскиот цар Јован III Ватац ги населувал како стратиоти во Тракија, во Македонија и во Мала Азија. Се смета дека по Куманите го добиле своето име градот Куманово и селата Куманичево, Tиквешко и Куманичево, Костурско.[3]
Посебна улога Куманите одиграле во формирањето и управувањето на Второто Бугарско Царство, особено во востанието на браќата Петар и Асен (1185). Во ова царство, голем број припадници на владеачката класа биле Кумани.[4]
Историја
уредиПотекло
уредиЕтничкото потекло на Куманите не е сигурно.[5]:30[6] [7] За Куманите е запишано дека имале руса коса, светла кожа и сини очи, по што се разликувале од другите групи,[8]:36[9]:43[10] а нивните антрополошки одлики укажуваат дека географски потекнуваат од Средна Азија, Јужна Сиберија или источно од Жолтата Река во Кина.[11][12][13] Роберт Волф укажал дека етнички Куманите може да не се туркиски племиња.[14]:199
Римскиот природонаучник Плиниј Постариот при опишување на „Портите на Кавказ“ споменал „тврдина чие име е Куманија“, подигната со цел да се спречат племињата да поминуваат.[15] Грчкиот филозоф Страбон ја нарекол Даријалската клисура Кавкаска Порта и Куманска Порта.[16] Ал Марвази (околу 1120 г.) напишал дека Куманите потекнуваат од северната кинеска граница, најверојатно за време на големата миграција од далечниот исток.
Не може денес да се знае дали Куманите ги покриле Кипчаците или едноставно претставувале западен дел од големите кипчачко-туркиски племиња. Ерменскиот историчар Матеј од Одеса, кој починал во 1144 година, ги споменал Куманите користејќи го името χartešk (хартеш, со значење „руси“, „бледи“ „светли“).[17]:173[18]
Куманите навлегле во пасиштата на она што денес е јужна руска степа во 11 век, и тргнале во напад на Византиското Царство, Кралство Унгарија, Кнежевство Преслав и Киевска Русија. Со навлегувањето на Куманите во овие простори, Огузите се поместиле кон запад, а Печенезите западно од реката Днепар. Куманите првпат влегле во Бесарабија околу 1068–1078 година. Започанле заедничка експедиција со Печенезите против Одрин во 1078 година. Во текот на истата година, Куманите се бореле против Русите. Руската хроника споменува Кумани Јемек кои биле активни во реонот на Волшка Бугарија.[6]:279, 282
Големата територија на која живееле Куманите и Кипчаците била со слаба поврзаност на племињата, кои никогаш не биле политички обединети како силна централна сила, а клановите биле активни по свое сопствено видување. Куманите и Капчаците никогаш не направиле држава, туку само конфедерација,[19]:7 што се протегала од Дунав на запад до Тараз, Казахстан на исток.[6]:283 Најверојанто било вака, затоа што немале закана до инвазијата на Монголците.[20] Роберт Волф тврдел дека дисциплината и кохезијата им овозможила да освојат толку голема територија.[14]:201 Ал Идризи тврдел дека името Куманија доаѓа од градот Куманија, и запишал „Од градот Казарија до градот Кираит има 25 милји. Од таму до Куманија има 25 милји, а овој град се нарекува и Црна Куманија. Од градот Црна Куманија до градот Тмутаракан, кој се нарекува и Бела Куманија, има 50 милји. Бела Куманија не е густо населен град... Во овој петти дел од седумте секции, има опис за северниот дел од Русија и северниот дел од земјата Куманија... Во шестиот дел има опис на земјата од Внатрешна Куманија и делови на земјата Бугарија.“[21]
Ерменскиот хроничар Хетум Златните орди ги нарекол Куманија.[22]:38 Мароканскиот патописец, Ибн Батута за Куманија напишал: „Оваа дивина е зелена, со многу трева и без дрвја, без ридови, висини или низини... нема како да се патува низ оваа пустина освен со вагони.“ Персискиот историчар Хамдала Мустафи (1281–1349), запишал дека Куманија има студена клима, и дека има одлични пасишта и бројни говеда и коњи.[22]:40 Во делото Патувања од 14 век на Џон Мендевил, пишува дека Куманија е едно од најголемите кралства на светот, но не е целосно населена. Во еден дел е толку многу студено, што никој не може да живее, а во друг дел толку е жешко, што никој не може да ивее таму исто така... Главниот град на Куманија е Сарак [Сераи], и од таму е еден од трите начини да се стигне во Индија.“[23] Според еврејскиот истражувач од 12 век Петахија од Регенсбург Куманите немале крал, само принцови и кралски семејства.[20]
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ „Коментари“, во: Слово за походор Игорев. Скопје: Наша книга, 2002, стр. 50.
- ↑ „Коментари“, во: Слово за походор Игорев. Скопје: Наша книга, 2002, стр. 49.
- ↑ P. Dianconu, Les Coumans au Bas-Danube aux XIe et XIIIe siecles, Bucaresti, 1978; Г.
- ↑ Острогорски, „О пронијарима Куманима“, Зборник Владимира Мошина, Београд, 1977, стр. 63–74.
- ↑ Paksoy, H. B., уред. (1992). Central Asian Monuments. ISIS Press. ISBN 978-975-428-033-3.
- ↑ 6,0 6,1 6,2 Sinor, Sinor, ed. (1990). The Cambridge History of Early Inner Asia, Volume 1. Cambridge University Press. ISBN 978-0-5212-4304-9.
- ↑ H. B. Paksoy, уред. (1992). Codex Cumanicus – Central Asian Monuments. CARRIE E Books. ISBN 978-975-428-033-3. Архивирано од изворникот на 2017-03-20. Посетено на 29 April 2015.
- ↑ Grumeza, Ion (4 August 2010). The Roots of Balkanization: Eastern Europe C.E. 500–1500. University Press of America. ISBN 978-0-7618-5135-6.
- ↑ Nicolle, David; McBride, Angus (1988). Hungary and the Fall of Eastern Europe 1000–1568. Osprey Publishing. ISBN 978-0-8504-5833-6. Retrieved 14 June 2015.
- ↑ MacDermott, Mercia (1998). Bulgarian Folk Customs. Jessica Kingsley Publishers. стр. 27. ISBN 978-1-8530-2485-6.
- ↑ "Mitochondrial-DNA-of-ancient-Cumanians". Goliath.ecnext.com. Archived from the original on 2010-01-24. Retrieved 1 March 2014.
- ↑ Paloczi Horvath 1998, 2001.
- ↑ Erika Bogácsi-Szabó (2006). „Population genetic and diagnostic mitochondrial DNA and autosomal marker analysis of ancient bones excavated in Hungary and modern examples“ (PDF). University of Szeged. Посетено на 14 June 2015. Наводот journal бара
|journal=
(help) - ↑ 14,0 14,1 Wolff, Robert Lee (1976). Studies in the Latin Empire of Constantinople. London: Variorum. ISBN 978-0-9020-8999-0.
- ↑ Pliny the Elder, The Natural History of Pliny Volume 2, p. 21.
- ↑ јавна сопственост: Chisholm, Hugh, уред. (1911). . Encyclopædia Britannica. 7 (11. изд.). Cambridge University Press. стр. 832. One or more of the preceding sentences вклучува текст од објавено дело кое сега е
- ↑ Kincses-Nagy, Éva (2013). A Disappeared People and a Disappeared Language: The Cumans and the Cuman language of Hungary. Szeged University.
- ↑ Spinei, Victor (2006). The Great Migrations in the East and South East of Europe from the Ninth to the Thirteenth Century: Cumans and Mongols. стр. 323. ISBN 978-9-0256-1214-6.
- ↑ Грешка во наводот: Погрешна ознака
<ref>
; нема зададено текст за наводите по имеVasary 2005
. - ↑ 20,0 20,1 Golden, Peter B. (1992). An Introduction to the History of the Turkic Peoples. Wiesbaden: Otto Harrassowitz. стр. 277. ISBN 978-3-4470-3274-2.
- ↑ Drobny, Jaroslav. Cumans and Kipchaks: Between Ethnonym and Toponym. стр. 208.
- ↑ 22,0 22,1 Грешка во наводот: Погрешна ознака
<ref>
; нема зададено текст за наводите по имеSpinei 2009
. - ↑ John Mandeville, The Travels of Sir John Mandeville, ch 6., 27