Стибера
Стибера — антички град во Пелагонија, во близината на селото Чепигово.
МестоположбаУреди
Археолошкото наоѓалиште Стибера се наоѓа во северниот дел на Пелагонија, во близина на селото Чепигово. Наоѓалиштето лежи покрај Црна Река.
ИсторијатУреди
Стибера постоела од 3 век п.н.е. до 3 век од нашата ера. Се претпоставува дека во времето на најголемиот подем во градот живееле над 20.000 жители.[1]
Археолошки ископувањаУреди
Во Стибера се откриени бројни скулптури што биле поставени во храмот посветен на божицата на судбината, Тихе. Дел од откриените статуи се наоѓаат во музејот во Прилеп, во музеите во Скопје, а еден дел бил изложен пред зградата на македонската влада. Се претпоставува дека со досегашните ископувања е октриено само 1-2% од археолошкото богатство на градот. Во 2006 година, во Стибера била откриена голема скулптура во природна големина, на која набргу ѝ била отсечена и украдена главата. Исто така, во градот е откриен и еден гимназиум.[1]