Нижеполе

село во Општина Битола
(Пренасочено од Нижополе)

Нижеполесело во Општина Битола, во околината на градот Битола. Сместено е на падините на Баба Планина, во западниот дел на регионот Пелагонија.

Нижеполе
Нижеполе во рамките на Македонија
Нижеполе
Местоположба на Нижеполе во Македонија
Нижеполе на карта

Карта

Координати 41°0′39″N 21°14′44″E / 41.01083° СГШ; 21.24556° ИГД / 41.01083; 21.24556
Општина Битола
Население 125 жит.
(поп. 2021)[1]

Шифра на КО 02082
Надм. вис. 1100 м
Нижеполе на општинската карта

Атарот на Нижеполе во рамките на општината
Нижеполе на Ризницата

Географија и местоположба

уреди

Селото Нижеполе се наоѓа на 1.100 метри надморска височина на ридско-планински терени на планината Баба. Оддалечено е 9,5 километри југозападно од Битола.

Историја

уреди

Поради појава на свлечишта, во 2015 година биле изградени неколку потпорни ѕидови на неколку точки во Нижеполе.[2]

Вкупно 4 жители на оваа населба се заведени како жртви во Втората светска војна.[3]

Население

уреди
Население во минатото
ГодинаНас.±%
1948574—    
1953619+7.8%
1961577−6.8%
1971512−11.3%
1981505−1.4%
1991257−49.1%
1994231−10.1%
2002186−19.5%
2021125−32.8%

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Нижеполе имало 2.030 жители, од кои 1.590 Власи, 250 Албанци христијани и 190 Македонци.[4] Според егзархискиот секретар Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Нижеполе имало 160 Македонци, под врховенството на Бугарската егзархија и 780 Власи патријаршисти и функционираат грчко и влашко училиште.[5]

На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Нижополе се води како чисто македонско село во Битолската каза на Битолскиот санџак со 212 куќи.[6]

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 200 Власи, 100 Македонци, 100 Албанци и 50 Грци.[7]

Нижеполе е средно по големина село, коешто во 1961 година има 577 жители, од кои 123 Македонци, 118 Албанци и 336 останати. Во 1994 година бројот се намалил на 231 жител, од кои 51 се од македонско население и 121 од влашко население, потоа 51 Албанец, 4 Турци и само двајца други.

Според пописот од 2002 година, селото Нижеполе броело 186 жители, од кои:[8] 47 Македонци, 30 Албанци, 4 Турци и 105 Власи.

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 125 жители, од кои 21 Македонец, 12 Албанци, 4 Турци, 77 Власи, 5 останати и 6 лица без податоци.[9]

На табелата е прикажан народносниот состав на населението низ сите пописни години:[10]

Година Македонци Албанци Турци Роми Власи Срби Бошњаци Ост. б.п. Вкупно
1948 574
1953 155 107 20 289 ... 48 619
1961 123 118 ... ... ... 336 577
1971 137 118 3 ... ... 254 512
1981 106 127 250 ... 22 505
1991 53 81 5 111 7 257
1994 51 51 4 121 2 231
2002 47 30 4 105 186
2021 21 12 4 77 5 6 125

Родови

уреди

Како еден од најстарите албански родови во целиот битолски крај се споменува родот Баху (24 куќи) доселен во Нижополе. По потекло е од селото Ќинали кај Колоња.

Нижеполе е мешано село.

  • Македонски родови во селото се: Илковци (5 к.), Чочорци (4 к.), Таневци (2 к.), Бараковци (2 к.), Тотули (2 к.), Лито (1 к.) и Таловци (1 к.) овие родови изгледа се староседелски, за нив никој не знае да се доселени однекаде; Анѓелевци (1 к.) доселени се од селото Цер, Железник; Тасевци (1 к.) доселени се од Ѓавато.
  • Влашки родови во селото се: Тони (8 к.), Џани (7 к.), Музеќари (6 к.), Чолаку (5 к.), Пула (2 к.), Ќоса (1 к.) и Капрен (1 к.) родот Музеќари е доселен за време на Балканските војни од Музакија (Албанија). Останатите влашки родови се доселени од Москполе и Грамошта.
  • Албански род во селото е: Баху (20 к.) се доселил основачот на родот Бахо, тоа било во втората половина на XVIII век. Местото од каде се доселил било Ќинали во Колоња (Албанија). Го знаат следното родословие: Ќерим (жив на 73 г. во 1950-тите) Ибраим-Мамут-Алим-Бахо, кој дошол.
  • Саракачански родови во селото се: Козаровци (3 к.), Тако (3 к.) и Никола (1 к.). Зборуваат грчки, но тука брзо го научиле и влашкиот јазик. Во Нижеполе целосно се населиле во 1930 година, пред тоа со стоката на лето престојувале на Пелистер, додека зимата ја поминувале во околината на Гевгелија.[11]

Општествени установи

уреди
 
Селската црква и училиштето на грчката пропаганда во почетокот на XX век.

Во селото се наоѓа Подрачното основно училиште „Д-р Трифун Пановски“ кое е дел од истоименото централно училиште од Битола.

Самоуправа и политика

уреди

Избирачко место

уреди

Во селото постои избирачкото место бр. 130 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште.[12]

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 165 гласачи.[13]

Културни и природни знаменитости

уреди
Цркви[14]
  • Црква „Св. Атанасиј“ - се наоѓа под врвот Пелистер. До неа од селото се стигнува за 45 минути пешачење. Датира од XIX век со автентичен иконостас, мал конак и простор за одмор. Во близина се наоѓа чешма со изворска вода пред која се отвора прекрасен видик на пелагониската котлина;
  • Црква „Св. Петка“ - се наоѓа во месноста Гргули и датира од XIX век. Се наоѓа на 10 минути оддалеченост од центарот на селото, во внатрешноста на црквата има извор на света лековите вода;
  • Црква „Св. Јован Златоуст“ - главна манастирска црква на ставропигијалниот манастир. Изградена 2006[15].
Археолошки наоѓалишта[16]
Разно

Личности

уреди

Култура и спорт

уреди

Селото се наоѓа на границата со Националниот парк Пелистер и е на само 10 км од градот Битола и претставува важно одредиште за рекреативците и другите туристи од регионот и државата, но исто така и соседните земји особено Грција и Албанија. Бројните излетнички места, планинарски патеки и скијачки терени со кои изобилува околината привлекуваат илјадници посетители преку текот на целата година. Селото дава можности за развој на повеќе видови традиционален или алтернативен туризам и одлични услови за зимски и летен туризам. Во развојот на туризмот може да се искористи и населението од самото село особено за производство на здрава храна или во функција на агро-туризмот.

Галерија

уреди

Наводи

уреди
  1. „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  2. „Инфраструктурен проект на општина Битола во Нижеполе“. Канал 5. 29 јули 2015. Архивирано од изворникот 2023-07-12. Посетено на 12 јули 2023.
  3. „Попис на жртвите од војната 1941-1945, СР Македонија“ (PDF).
  4. Кънчов, В. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, с.207
  5. D.M.Brancoff. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, стр. 114-115.
  6. Михајловски, Роберт, уред. (2017). Етнографска карта на Битолскиот вилает (PDF). Каламус. стр. 12.
  7. „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
  8. „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 29 април 2016.
  9. „Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
  10. Население на Република Македонија според изјаснувањето за етничката припадност, по населени места, според пописите на население 1948, 1953, 1961, 1971, 1981, 1991, 1994 и 2002 година (согласно територијалната организација од 1996 година). База на податоци МАКСтат Архивирано на 10 декември 2021 г.. Државен завод за статистика.
  11. „36 Битољско-прилепска котлина, Ј. Трифуноски.pdf“. Google Docs. Посетено на 2019-01-01.
  12. „Описи на ИМ“. Архивирано од изворникот на 2023-08-17. Посетено на 3 ноември 2019.
  13. „Претседателски избори 2019“. Архивирано од изворникот на 2019-12-29. Посетено на 3 ноември 2019.
  14. Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.
  15. „Прослава на празникот Животоприемен извор во ставропигијалниот манастир „Св. Јован Златоуст". 10 април 2010. Посетено на 2011-01-09.
  16. Јован Ф. Трифуновски, (1998) Битољско - Прилепска котлина, Антропогеогрофско проучавање. Београд, САНУ ISBN 8670252678
  17. „Ски центар Нижеполе“. Национален парк Пелистер. Архивирано од изворникот 2021-02-25. Посетено на 12 јули 2023.
  18. „Заврши десеттата Mеѓународна ликовна колонија „Нижо Поле". МИА. 2009. Посетено на 2011-01-09.[мртва врска]

Надворешни врски

уреди