Патки
Патки Период: Oligocene-Recent, | |
---|---|
Научна класификација | |
Царство: | Животни |
Колено: | Хордати |
Класа: | Птици |
Надред: | Нови птици |
Ред: | Гусковидни |
Семејство: | Патки и сродници Карл Лине, 1758 |
Потсемејства | |
Anatinae |
Патките и сродниците (Anatidae) се фамилија птици во која спаѓаат патките, гуските и лебедите. Тие се распространети низ целиот свет, на сите континенти, освен Антарктикот. Тоа се птици кои во текот на еволуцијата се адаптирале за пливање, пловење на површината на водата, и во некои случаи, нуркање во плитката вода. Фамилијата содржи околу 140 вида, сместени во 40 рода. Претежно се хранат со растенија и се моногамни. Пет вида исчезнале до 1600 година, а на многу видови им се заканува изумирање.
Опис
уредиПатките, гуските и лебедите се мали до големи птици, со големо и долгнавесто тело.[1] Големината се движи од 26,5 cm долга и 164 грама тешка, најмалата; до 183 cm долга и 17,2 килогарми тешка, најголемата. Крилата им се кратки и заострени, поткрепени со силни мускули кои брзо ги движат при летање. Типично, имаат долг врат, иако должината варира кај различните видови. Нозете им се кратки, силни и сместени назад на телото. За разлика од другите слични фамилии кои живеат на вода, како морските нуркачи и нуркачите, патките се подобри во одењето по земја. Тие имаат прсти поврзани со ципа, кои им служат за пливање. Клуновите им се од мек кератин, со тенка, чувствителна линија од кожа на врвот.[1] Пердувите им се такви што лесно ја лизгаат водата од нив. Повеќето од патките покажуваат полов диморфизам, односно, мажјаците се покрупни и со посветли и поживи бои од женките. Овие птици се огласуваат со разни звуци, како: квакање, грачење, гровтање, трубење, и гласот на женките е подлабок од на мажјаците.[2]
Размножување
уредиПатките се претежно сезонски моногамни птици. Поголемиот дел, обично помалите, се со еден партнер само една сезона на парење, а поголемите, како гуските и лебедите, живеат со истиот партнер повеќе години. Овие птици се карактеристични, и се една од ретките фамилии кои имаат пенис;[3] а повеќето видови се адаптирани за копулација само во вода. Конструираат едноставни гнезда со материјал кој им е најдостапен, и најчесто само женките ги лежат јајцата. Младенчињата се раѓаат оформени, способни веднаш сами да се хранат.[2]
Врски со луѓето
уредиПердувите од овие птици, порано, а и денес, се употребуваат за полнење перници, душеци, вреќи за спиење и палта.
Патките како тема во уметноста и во популарната култура
уреди- „Шаткина приспивна песна“ — песна за деца на хрватскиот поет Григор Витез.[4]
- „Училиште за патки“ (српски: Пачја школа) — песна на српскиот поет Јован Јовановиќ-Змај.[5]
- „Патка и патчиња“ — песна на македонскиот поет Васил Куноски.[6]
- „Љубов“ (француски: Amour) — расказ на францускиот писател Ги де Мопасан од 1886 година.[7]
- „Шатка“ (српски: Патка) — песна на српскиот поет Васко Попа.[8]
Систематизација
уредиПотсемејства и родови
уреди- Потсемејство: Dendrocygninae
- Род: Dendrocygna, свиркачки патки (8 вида)
- Потсемејство: Thalassorninae
- Род: Thalassornis (еден вид во Африка)
- Потсемејство: Anserinae, лебеди и гуски (25–30 вида)
- Род: Cygnus, лебеди (6 вида)
- Род: Anser, сиви гуски (7 вида)
- Род: Chen, бели гуски (3 вида)
- Род: Branta, црни гуски (6 вида)
- Потсемејство: Stictonettinae
- Род: Stictonetta, (1 вид во Австралија)
- Потсемејство: Plectropterinae
- Род: Plectropterus
- Потсемејство: Tadorninae
- Род: Pachyanas
- Род: Tadorna
- Род: Salvadorina
- Род: Centrornis
- Род: Alopochen
- Род: Neochen
- Род: Chloephaga
- Род: Hymenolaimus
- Род: Merganetta
- Потсемејство: Anatinae, Патки
- Род: Anas
- Род: Lophonetta
- Род: Speculanas
- Род: Amazonetta
- Род: Chelychelynechen
- Род: Thambetochen
- Род: Ptaiochen
- Потсемејство: Aythyinae, нуркачки патки
- Род: Netta
- Род: Aythya
- Потсемејство: Merginae, морски патки
- Род: Chendytes
- Род:Polysticta
- Род: Somateria
- Род: Histrionicus
- Род: Camptorhynchus
- Род: Melanitta
- Род: Clangula
- Род: Bucephala
- Род: Mergellus
- Род: Lophodytes
- Род: Mergus
- Потсемејство: Oxyurinae
- Род: Oxyura
- Род: Nomonyx
- Род: Biziura
- Род: Heteronetta
- Монотипични родови:
- Coscoroba
- Cereopsis
- Cnemiornis
- Malacorhynchus
- Sarkidiornis
- Tachyeres
- Cyanochen
- Nettapus
- Pteronetta
- Cairina
- Aix
- Callonetta
- Chenonetta
- Marmaronetta
Наводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 Carboneras, Carles (1992): Family Anatidae (Ducks, Geese and Swans). In: del Hoyo, Josep; Elliott, Andrew & Sargatal, Jordi (eds.): Handbook of Birds of the World (Volume 1: Ostrich to Ducks): 536–629. Lynx Edicions, Barcelona. ISBN 84-87334-10-5
- ↑ 2,0 2,1 Todd, Frank S. (1991). Forshaw, Joseph (уред.). Encyclopaedia of Animals: Birds. London: Merehurst Press. стр. 81–87. ISBN 1-85391-186-0.
- ↑ McCracken, Kevin G. (2000). „The 20-cm Spiny Penis of the Argentine Lake Duck (Oxyura vittata)“ (PDF). The Auk. 117 (3): 820–825. Архивирано од изворникот (PDF) на 2008-07-05. Посетено на 2013-04-23.
- ↑ Григор Витез, Песни. Мисла, Македонска книга, Култура, Наша книга и Детска радост, Скопје, 1990, стр. 25.
- ↑ Јован Јовановиħ Змај, Краљевина Лаждишажди. Београд: Просвета, 1963, стр. 59-60.
- ↑ Васил Куноски, Песни. Скопје: Просветно дело, Редакција „Детска радост“, 2004, стр. 94.
- ↑ „Гиј де Мопасан, Изабране новеле (друга књига). Култура, Београд, 1950, стр. 99-106.
- ↑ Васко Попа, Поезија (избор). Скопје: Култура; Београд: Нолит, 1968, стр. 7.
Надворешни врски
уреди- Видеа Архивирано на 19 јули 2012 г. на Internet Bird Collection
- Звуци на xeno-canto collection
- Поштенски марки Архивирано на 13 мај 2013 г. – Поштенски марки со патки, гуски и лебеди