Уров

вид растение

Уров (научVicia ervilia) — мешункасто едногодишно растение од семејството бобови што се користи главно како добиточна храна.[1][2] Во минатото оваа култура била една од најраспространетите фуражни култури во РМ, а во некои реони и единствена. Зрното се употребувало како концентрат за добитокот. Се користат зрното и целото растение. Има кратка вегетација (90 — 100 дена). Се користи и како додаток во кафе.[3]

Уров
Научна класификација [ у ]
Царство: Растенија
клад: Скриеносеменици
клад: Евдикоти
клад: Розиди
Ред: Бобовидни
Семејство: Бобови
Потсемејство: Глушини
Род: Глушина
Вид: Уров
Научен назив
Vicia ervilia
(L.) Willd.

Распространетост и живеалиште

уреди

Растението вирее во суви и полусушни области со сиромашни почви. Уровот е особено погоден за одгледување во области со слаби врнежи, каде што другите култури тешко растат.

Употреба

уреди

Уште во дамнешни времиња луѓето го употребувале за јакнење на мускулното ткиво, особено на срцевиот мускул. Научниците сметаат дека неговите ефекти се должат на извонредниот сооднос на калиум, калциум и магнезиум со јаглехидратите, како и изобилство на витамини. Ефикасен е како лек за хемороиди, против маснотии и против висок крвен притисок.[4]

Главната употреба на уровот е како добиточна храна. Семињата се богати со белковини, што ги прави вреден извор на храна за добитокот како што се овците, козите и говедата. Меѓутоа, семето содржи горчливи соединенија што можат да бидат токсични ако се употребуваат во големи количини без соодветна обработка.

Наводи

уреди
  1. „уров“Дигитален речник на македонскиот јазик
  2. „уров“Официјален дигитален речник на македонскиот јазик
  3. „УРОВ | Македонска енциклопедија“. Македонска енциклопедија. Посетено на 2024-12-12.
  4. „Уров — GalaNuts“. Посетено на 2024-12-12.

Надворешни врски

уреди