Дошница

река во Македонија

Дошницарека во Македонија, десна притока на Бошава.[1]

Дошница
Дошница во близина на ХЕЦ „Дошница“
Местоположба
ДржаваМакедонија Македонија
Општина Демир Капија
Физички особености
Извор 
 • местоЗелен Брег на Кожуф
 • надм. вис.1.750 м
Устие 
 • место
кај Демир Капија во Бошава
 • координати
41°23′55″N 22°13′26″E / 41.39861° СГШ; 22.22389° ИГД / 41.39861; 22.22389
 • надм. вис.
125 м
Должина38,5 км
Големина на сливот193,4 км2
Особености на сливот
ТечениеБошаваВардарЕгејско Море

Водите од оваа река се користат за производство на електрична енергија во хидроцентралата „Дошница“, а во непосредна близина на централата се наоѓа и туристичката месноста Топли Вирови.

Извира под врвот Зелен Брег на планината Кожуф, на надморска висина од 1.750 метри, а во Бошава се влева на надморска висина од 125 метри. Долга е 38,5 километри и има просечен пад од 45,5‰. Сливот зафаќа површина од 193,4 км2.

Реката се влива во Бошава кај селото Чифлик, во близина на гратчето Демир Капија.[1]

Особеност

уреди

Реката е позната кај авантуристите и трагачите по злато, бидејќи се смета дека во минатото околу речното корито била вршена експлоатација на злато[2].

Галерија

уреди

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 Петрушевски, Илија; Маркоски, Благоја (2014). Реките во Република Македонија (PDF). Скопје: Геомап. стр. 27. ISBN 978-9989-2117-6-8.
  2. „ЗЛАТНА ТРЕСКА ПОКРАЈ ЗЛАТОНОСНИТЕ РЕКИ; Трагачи по злато го тресат Кожув“. Дневник. 15 септември 2008. Посетено на 2010-04-20.

Надворешни врски

уреди