Песјак (планина)

планина во Македонија

Песјак — средновисока планина во Западна Македонија којашто претставува јужна огранка на масивот Добра Вода. Планината има меридијански правец на протегање и се наоѓа меѓу Кичевската Котлина на запад, областа Порече на исток, течението на реката Треска на југ, додека на север постепено преминува во повисоката планина Челоица. Највисок врв е Јошков Камен со височина од 1.917 м, а меѓу другите врвови се издвојуваат Старци (1.897 м), Коњарник (1.876 м) и Седлар (1.772 м). Од геоморфолошкиот состав, најизразен е карстниот релјеф.[1]

Песјак
Поглед на планината Песјак од селото Долно Крушје
Највисока точка
Надм. вис.1.917 м
Матичен врвЈошков Камен
Географија
Песјак на карта
МестоМакедонија Македонија
ПокраинаЗападна Македонија

Галерија

уреди

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. Група автори (2016). „Добра Вода“. Студија за геодиверзитетот и геонаследството на Република Македонија и другите компоненти на природата (PDF). Скопје: Министерство за животна средина и просторно планирање. стр. 106-107. ISBN 978-9989-110-90-0.

Надворешни врски

уреди