Отвори го главното мени

Обичен граор (науч. Vicia sativa) или обична глушина[1]мешункасто растение од семејството бобовите (Fabaceae) кое се одгледува како крма за добиток и зелено ѓубриво, но важи за коров во однос на други посеви. Ова растение е различно од слично наречената граорка (Lathyrus), која му припаѓа на истото семејство, но сосема друг род.

Обичен граор
Illustration Vicia sativa0.jpg
Ботаничка илустрација на обичниот граор, 1885 г.
Научна класификација [ у ]
Царство: Растенија
клад: Скриеносеменици
клад: Евдикоти
клад: Розиди
Ред: Бобовидни
Семејство: Бобови
Потсемејство: Глушини
Род: Граор
Вид: Обичен граор
Биномен назив
Vicia sativa
L.

ОписУреди

Ова е едногодишно азотоврзувачко зелјесто растение. Има добро развиен главен корен и странични корења, кој достигнува 80 до 100 см во длабочина. Има ситни тркалезни или крушковидни јазли поради присуствона симбиотските груткови бактерии (Rhizobium). Котиледоните не излегуваат над почвата.[2]Стеблото е шупливо, и има четириаголен пресек. Почнува да се разгранува веднаш над кореновиот врат, образувајќи 2 до 4 странични стебленца. Стеблото се сука нагоре и е подебело во горниот дел отколку во долниот. Листот е парноперест со 4 до 8 пара јајцевидни лиски и 1 до 2 пара витици (ластари). Секоја наредна лиска е помала, и целиот збир завршува со мало зашилување кој е продолжеток на жилката.[2]

Граорот има виолетови цветови долги по 1,5 до 2,5 см во две нијанси, а знаменцето е нешто посветло, со потемни крилца. Цветовите се распоредени поединечно, а листот во своите пазуви има најчесто по два цвета, доколку е исправен. Плодот е извиткана мешунка со сабјест облик, долга 6-8 см и содржи 7-9 семки. Кога ќе узрее, добива светлокафеава боја.[2] Семето е покрупно од оние на сродните растенија и има темна боја. Семена обвивка е мазна и има лузна во облик на бела цртичка.

ОдгледувањеУреди

Кога се одгледува за крма,[3] граорот се сее на густо, до 250 кг на хектар. Меѓутоа, кога се одледува за семе, истото се сади на поретко, за да се развијат повеќе цветови и семки. Во овој случај, седибата се врши рано во сезоната, но кога се одгледува за зелено ѓубриво, растението се сади во било кое време од пролетта. Понекогаш се добива полн принос од летна сеидба, но тоа начелно се смета за предоцна и не препорачува.[4]

Откако ќе се посее, земјиштето треба внимателно да се изгрибла, а потоа да се помине со лесен валец, кој ја израмнува површината и овозможува непречена жнеидба. Во првите неколку дена од сеењето, полето треба да се чува од гулаби.[4]

Обичниот граор им годи на коњите повеќе од детелината и пијанката (’ржната трева); истото важи и при гоењето на говеда, кои јадат (и се гојат) побргу од граорот отколку од треви и други јадливи растенија. Сепак, земјоделецот треба да внимава, бидејќи прекумерното хранење со граорови зрна (особено кога се без мешунки) предизвикува грчеви и други стомачни заболувања.[4]

Заедно со граорот можат да се засеат и други житарки, кои имаат посилни стебла и му даваат прикрепа кога ќе се нафати на нив со витиците.[5] Сам по себе, граорот се разгранува по земја поради мекоста на стебленцата, но кога е наседен заедно со овес или некоја друга житна трева, истиот расте исправено.[6]

Постојат неколку сорти обичен граор,[7] Како и кај други бобови култури, на граоровото семе може да му се додаде бактеријата ризобиум, која има симбиотска и заштитна улога.[6]

ШтетнициУреди

Штетници врз граорот се габата на грашковата пепелница (Erysiphe pisi), зелената грашкова лисна вошка (Acyrthosiphon pisum), памуковата совица (Heliothis zea), есенската совица (Spodoptera frugiperda, во Америка) и пајакови крлежи (Tetranychus).[6]

Производство во МакедонијаУреди

 
Граор во поле.

Граорот е втора по важност фуражна култура во Македонија. Главно производствено подрачје е Кумановско, а доста е застапен и во Овчеполието и во Скопско.

Вкупно производство на граор во Македонија низ годините[8][9]
Година Принос
(тони)
Родност
(кг/ха)
2005 8.680 3.311
2006 10.822 4.511
2007 9.461 3.913
2008 9.656 3.931
2009 10.327 4.039
2010 7.792 3.184
2011 7.178 3.069
2012 5.815 2.682
2013 6.759 3.111
2014 7.488 3.402
2015 7.010 3.447
2016 7.052 3.669
2017 6.633 3.043
2018 7.856 3.804

ИсторијаУреди

Обичниот граор бил составен дел од човековата исхрана во дамнешните првобитни општества, за што сведочат остатоците во ранонеолитски наоди од Сирија, Турција, Бугарија, Унгарија и Словачка. Траги од употреба на граорот се сретнати и во стероегипетски наоѓалишта од преддинастички период , како и неколку во Туркменистан и Словачка од бронзеното време. Најраните недвосмисленим докази за одгледувањето на граорот се од римско време.[10]

ПодвидовиУреди

 
Незрели мешунки од подвидот црн граор (Vicia sativa subsp. nigra).

Постојат барем четири подвидови на обичниот граор:

  • Vicia sativa subsp. cordata (Hoppe) Asch. & Graebn.
  • Vicia sativa subsp. nigra (L.) Ehrh. — теснолисен граор[11] (= subsp. / var. angustifolia, subsp. consobrina, subsp. cordata (Hoppe) Batt., subsp. cuneata, subsp. heterophylla, var. minor, var. nigra)
  • Vicia sativa subsp. sativa (= var. linearis, ssp. notata)
  • Vicia sativa subsp. segetalis (Thuill.) Arcang. (напати се вклучува во subsp. nigra)

ПоврзаноУреди

НаводиУреди

  1. Глушина обична (граор) - Vicia sativa — Агробаза, УГД Штип
  2. 2,0 2,1 2,2 Ивановски, П. Р.; Прентовиќ, Т; Кабранова, Р. (2011). Практикум по фуражно производство (I издание). Скопје: УКИМ. стр. 12. http://ukim.edu.mk/e-izdanija/FZNH/Praktikum_po_furazhno_proizvodstvo.pdf. 
  3. Hackney, P., уред (1992). Stewart and Corry's Flora of the North-east of Ireland (III издание). Queen's University Belfast. ISBN 0-85389-446-9. 
  4. 4,0 4,1 4,2 The Household Cyclopedia of General Information. New York: Thomas Kelly. 1881. стр. 47. https://archive.org/stream/Household_Cyclopedia#page/n45/mode/2up. 
  5. FAO Animal Feed Resources
  6. 6,0 6,1 6,2 FAO Crop Profile
  7. Lloveras, J., Santiveri, P., Vendrell, A., Torrent, D. & Ballesta, A. (2004). „Varieties of vetch (Vicia sativa L.) for forage and grain production in Mediterranean areas“. A. Ferchichi. Réhabilitation des pâturages et des parcours en milieux méditerranéens. Cahiers Options Méditerranéennes. 62. Zaragoza: CIHEAM. стр. 103–106. http://ressources.ciheam.org/om/pdf/c62/04600139.pdf. 
  8. Површини и производство на посеви по општини, според НТЕС 2005Државен завод за статистика
  9. Површини и производство на посеви, по години, по општини, според НТЕС 2013Државен завод за статистика
  10. Daniel Zohary & Maria Hopf (2000). Domestication of Plants in the Old World (III издание). Oxford University Press. стр. 119. ISBN 978-0-19-850356-9. 
  11. „BSBI List 2007“. Botanical Society of Britain and Ireland. Архивирано од изворникот (xls) на 25 јануари 2015. конс. 17 октомври 2014. 

Надворешни врскиУреди