Гегиско наречје

наречје на албанскиот јазик
(Пренасочено од Геги)

Гегиско наречје — едно од двете наречја или облици на албанскиот јазик. Другото е тоскисккото, врз кое се темели стандардниот албански. Гегиското наречје се зборува во северна Албанија, северозападна Македонија, источна Црна Гора, јужна Србија и во албанската дијаспора. Понекогаш се користи и во медиумите во Косово. Традиционално се смета дека се зборува северно од реката Шкумба.

Гегиски
Застапен воАлбанија, Косово, Македонија, Црна Гора, Србија (малку)
Говорници3,4 мил[1]  e17
Јазично семејство
Јазични кодови
ISO 639-3aln
Linguasphere55-AAA-aaa to 55-AAA-aag
{{{mapalt}}}
Карта на гегиските говори со зелени нијанси

Говори

уреди
Јужногегиски говори
  • јужногегиски говори: Драч, Елбасан,Тирана и делови од Западна Македонија[2]
Северногегиски говори
  • северозападни: Скадар, Вермош, Селце, Вукел, Лепуша, Тамара, Тузи, Улцин, Бар, Плав, Гусиње, Пеќ, Ѓаковица и Призрен
  • источногегиски: делови од западна Македонија (Дебар-Тетово)
  • северозападни: Скопје-Куманово, Качаник-Прешево
  • северногегиски: Приштина-Митровица

Дијалектолошки разлики

уреди
стандарден албански тоскиски гегиски македонски
Shqipëri Shqipëri Shqypní Албанија
një një nji / njâ еден
nëntë nëntë nândë девет
është është âsht / â е
bëj bëj bâj прави
emër emër êmën име
pjekuri pjekuri pjekuni зрелост
gjendje gjëndje gjêndje состојба
zog zok zog птица
mbret mbret mret/regj крал
për të punuar për të punuar me punue работи
rërë rërë rânë песок
qenë qënë kjênë / kânë сум
dëllinjë enjë bërshê боровинка
baltë llum lloq кал
cimbidh mashë danë маша
mundem mundem mûj може
vend vënd ven место
dhelpër dhelpër skile/dhelpën лисица

Наводи

уреди
  1. ГегискиEthnologue (англиски)
  2. Hinrichs, Uwe; Buttner, Uwe (1999). Handbuch der Sudosteuropa-Linguistik. Otto Harrassowitz Verlag. стр. 285. ISBN 978-3-447-03939-0. Посетено на 5 April 2011.
  • Martin Camaj (1984), Albanian grammar, Otto Harrassowitz Verlag
  • Carlo Tagliavini (1942), Le parlate albanesi di tipo Ghego orientale: Dardania e Macedonia nord-occidentale,

Поврзано

уреди

Надворешни врски

уреди