Кавалот е македонски народен дувачки инструмент отворен од двете страни, изделкан од едно јасеново парче и орнаментиран низ целата должина. Горниот крај на кавалот е малку стеснет и со остар раб. Овој инструмент има 7 дупки за прстите на лицето и една за палецот на опачината. Дупките се рамномерно распоредени (со 2 см раздалеченост), со тоа што шестата дупка е отприлика при средината на инструментот. При свирење, кавалот се држи со двете раце под агол од околу 45° во однос на телото, со тоа што четири прста од едната рака работат со долните купки, а со горните три дупки и задната палечна дука работи другата. Устата покрива ~34 од крајот на кавалот. Промената на притисокот при дување во него го менува и висината на звукот.

Два пара кавали на две арбии од с. Седларево, Тетовско (во Музејот на Македонија)

Зависно од клучот (тоналитетот), кавалот може да биде во повисок регистар (C, C#), среден регистар (D, H) или низок регистар (A, B). Кавалот може да свири 215 октави од хроматичната скала. Звукот му е топол, меланхоличен и пријатен.

Додека во минатото ова бил овчарски инструмент, денеска се користи во народни песни и ора како дел од ансамбл или соло. Кавалот често се свири во парови. Првиот кавалџија (или водач) го води другиот (полагач), со тоа што кавалот е во истиот клуч, обично понизок, како C, C#, D, иако се користат и други клучеви. Калибарот на кавалот е 16мм, но постојат и кавали со калибар од 17mm кои се препорачуваат на поискусни кавалџии од изработувачот Стојанче Костовски.

Кавалот обично стои на дрвен држач (арбија), кој го штити од искривување и ја чува внатрешноста замастена.

Кавалот како мотив во книжевноста Уреди

Снимки Уреди

  Шарпланинска езгија за кавал во изведба на мајстор Миле Коларов

Наводи Уреди

  1. Ванчо Николески, Чудотворен кавал, Мисла, Наша книга, Детска радост, Култура, Македонска книга, Скопје, 1993, стр. 24-26.