Дива гуска

вид птица
Дива гуска
Западна дива гуска (Anser anser anser).
Научна класификација
Царство: Животни
Колено: Хордати
Класа: Птици
Ред: Гусковидни
Семејство: Патки
Род: Гуска
Вид: A. anser
Научен назив
Anser anser
(Линеј, 1758)
Синоними

Anas anser Линеј, 1758

Јајце во Музејот Тулуз.

Обичната гуска или дива гуска (Anser anser) ― птица која е нашироко распространета во Стариот Свет. Таа е типски вид на родот гуска.

Овој вид е предок на припитомената домашна гуска во Европа и Северна Америка. Многу се чести и јатата од гуски кои од припитомени повторно преминале на живот во дивината.

Дивата гуска е еден од видовите на кои се однесува Спогодбата за зачувување на африканско-евроазиските преселнички водни птици (AEWA).

Во самата наука, дивата гуска е најпозната како птицата со која етологот Конрад Лоренц првично го проучувал феномнеот во поведението попознат како отпечатување.

Таксономија

уреди
 
Примерок во Зоо Скопје.

Anser anser, дивата гуска, е член на семејството водни птици патки. За прв пат била опишан од шведскиот натуралист Карл Линеј во 1758 година како Anas anser, но била префрлена две години подоцна во новиот род Anser, воздигната од францускиот зоолог Матирен Жак Брисон, каде што е типски вид. Два подвида се признаени; A. anser, западна дива гуска, која се размножува во Исланд и северна и средна Европа; A. a. rubrirostris, источна дива гуска, која се размножува во Романија, Турција и Русија кон исток до североисточна Кина. Двата подвида се мешаат таму каде што се среќаваат нивните опсези. Дивата гуска понекогаш се хибридизира со други видови гуски, вклучувајќи ги и граорестата гуска (Branta leucopsis) и канадската гуска (Branta canadensis), а повремено и со црвеноклуниот лебед (Cygnus olor).[1] Дивата гуска била едно од првите животни што биле припитомени; ова се случило пред најмалку 3.000 години во Стар Египет, домашниот подвид е познат како A. a. domesticus.[2] Бидејќи домашната гуска е подвид на дивата гуска тие можат да се спаруваат, а потомството ги дели одликите на дивите и домашните птици.[3]

Физички опис

уреди

Дивата гуска е најголема и најгломазна од сивите Anser гуски. Поседува заоблено, гломазно тело, дебел и долг врат, како и голема глава и клун. Има розови нозе и стапала и портокалов или розов клун.[4] Долга е 74 до 91 cm, со должина на крилјата од 41,2 до 48 cm. Опашката е долга 6,2 до 6,9 cm, а клунот 6,4 до 6,9 cm. Тежи 2,16 до 4,56 кг, со просечна тежина од околу 3,3 кг. Распонот на крилјата е 147 до 180 cm.[5][6][7] Мажјаците се обично поголеми од женките, при што половиот диморфизам е поизразен кај источниот подвид rubirostris, кој во просек е поголем од сите останати подвидови.[4]

Пердувите на дивата гуска се сивкасто-кафеави, со потемна глава и поблед стомак со различни црни точки. Шарите на нејзините пердуви се резултат од бледите рабови на перјата. Има бела линија која граничи со горните слабини. Нејзините покривни пердуви се посветло обоени за разлика од потемните летачки пердуви. Младите гуски се разликуваат главно по отсуството на стомак исшаран со црни точки.

Подвидови

уреди

Наводи

уреди
  1. Carboneras, C.; Kirwan, G.M.; Garcia, E.F.J. (2014). „Greylag Goose (Anser anser)“. Handbook of the Birds of the World Alive. Lynx Edicions, Барселона. Посетено на 16 април 2021.
  2. Hugo, Susanne (2002). „Chapter 1: Origins and Breeds of Domestic Geese“. Во Buckland, Roger; Guy, Gérard (уред.). Geese: the underestimated species. Fao Animal Production and Health Paper. FAO Agriculture Department. ISSN 0254-6019.
  3. „Domestic Geese“. British Waterfowl Association. Архивирано од изворникот на 2016-03-19. Посетено на 16 април 2021.
  4. 4,0 4,1 Madge & Burn 1988, стр. 140–141
  5. Dunning 1992
  6. Ogilvie & Young 2004
  7. „Greylag Goose“. oiseaux-birds.com. Посетено на 17 October 2011.