Голешница
Голешница — средновисока планина во средишниот дел на Македонија.[1] Всушност му припаѓа на источниот дел од масивот Мокра Планина, но од него е морфолошки одвоена. Се наоѓа помеѓу горните делови од речните долини на Кадина Река и Тополка, со правец на протегање запад–исток. Зафаќа површина од 197 км2. Највисоки точки се врвовите Лисец (1.935 м) и Сипичан (1.789 м). На север преку својата огранка Османбежица (1.730 м) и гребенот Дрмос се спојува со Китка, додека на запад преку Сипичан директно се поврзува со главниот јазол на целиот масив односно со Бегово Поле и врвовите Пржал и Солунска Глава. Самото име ни покажува дека е сиромашна со шуми, односно дека е обесшумена, што придонело да се развие интензивна рецентна ерозија. Таа е потпомогната и со големите наклони кои се карактеристични за северните и јужните падини.[2]
Голешница | |
---|---|
![]() | |
Највисока точка | |
Надм. вис. | 1.935 |
Географија | |
Место | ![]() |
Покраина | MK |
Матичен венец | Мокра |
ГалеријаУреди
Поглед на планината Голешница со највисокиот врв Лисец
Поглед на сртот на Голешница од врвот Солунска Глава
Долината на Кадина Река на Голешница
Поглед кон подножјето на планината во долното течение на Кадина Река