Источна Европа е источниот регион на Европа кој се дефинира на неколку начини:

  • Тоа е регионот кој е распространет помеѓу областите на Средна Европа и Русија. Оваа современа дефиницја често се користи по распаѓањето на Варшавскиот договор.
  • Диверзитетна област која се протега од исток према запад со тоа што:
Државите на Источна Европа.

- Источната граница е или Урал во Русија или Тихоокеанскиот брег на далечниот исток на Русија.

- Западната граница се наоѓа помеѓу Европската Унија и Заедницата на независни држави (Во некои случаи каде што Калининград не е вклучен).

Политичка поделба

уреди
 
Политичка Источна Европа.

Политички, Источна Европа ја покрива цела североисточна Евроазија, бидејќи Русија е еден трансконтинентален геополитички ентитет. Кипар исто така често се додава на групата на европски земји иако географски гледано се наоѓа во Азија. Истиот пристап често се зазема за пост-Советските земји како Грузија, Ерменија, Азербејџан и Кавказкиот регион.

Во многу извори, Источна Европа се дефинира како поранешниот комунистички блок на Европа под влијание на Советскиот Сојуз (Вклучително и СФРЈ и Албанија) за време на Студената војна.

Како културен и етнички концепт, поимот Источна Европа е дефиниран од германските националисти во 19 век, како Славјанска Европа, наспроти Германската (западна) Европа. Овој концепт е засилен во периодот пред почетокот на Втората светска војна и често користен во расистичката терминологија со цел да се прикажат славјанските култури како инфериорни кон западните/германски култури, јазици и традиции.

Географска положба

уреди

Источна Европа го зафаќа широкиот простор во источните делови на европскиот континент. Поточно, ги опфаќа териториите од Северноледениот Океан на север до Црното Море, Кавказ и Каспиското Езеро на југ и југоисток, од Балтичкото Море и Карпатите на запад до планината и реката Урал на исток како формални граници меѓу Европа и Азија. Меѓутоа покрај излезот на овие мориња, географската положба на Источна Европа е нешто понепловна во однос на другите делови на Европа. Состојбата се подобрува со воспоставениот речно-каналски сообраќај, кој овозможува поврзување на внатрешноста на територијата со Црното Море, со Балтичкото Море, Каспиското Езеро и посредо со Северното Море. Источна Европа преку Вратата на народите (територијата помеѓу Каспиското Езеро и планината Урал) комуницира со Азија, преку Црното Море и протоците Босфор и Дарданели се поврзува со Средоземното Море и Јужна Европа, а преку Балтичкото Море со Атлантскиот Океан. Поради големите географски широчини и замрзнување, излезот и пловидбата по северните мориња се поорганизирани. Со исклучок на Белорусија и Молдавија, сите држави од Источна Европа излгуваат на море. Територијата на Источна Европа се одликува со претежно зарамнето земјиште на кое има незначително зидигнати предели. Планината Урал е единствен позабележлив средновисок планински венец, лесно прооден и богат со рудни наоѓалишта. Токму затоа во Источна Европа и во европскиот дел на Русија се развиле поголем број милионски градови.

Држави во Источна Европа

уреди
 
Држави на Источна Европа според ООН.

Источна Европа до 1991 година политичко-административно егзистираше како една државна целина позната како Советски Сојуз. Таа беше најголемата држава во светот, која се простираше во Европа и Азија. По распаѓањето на Советскиот Сојуз, во 1991 година се формираа 15 држави, од кои 6 се во Европа и 8 во Азија, додека најголемата држава, Русија, зафаќа територија и во Европа и во Азија. На европската територија лежи сосем мал дел од Казахстан, поради што тој се смета за азиска држава. Денес, според природни и стопанските одлики, во Источна Европа се вбројуваат државите: Естонија, Латвија (Летонија), Литванија, Белорусија, Украина, Молдавија и Русија.

Држава Главен град Население (ООН 2009) Густина на населеност

на 1 км

! Површина км2
  Белорусија Минск 9 671 900 48 207 595
  Естонија Талин 1 340 341 30.1 45 227
  Латвија Рига 2 257 300 36.5 64 610
  Литванија Вилнус 3 350 400 56.5 65 301
  Молдавија Кишинев 3 572 700 131.5 33 700
  Русија Москва 143 420 000 8.5 17 075 400
  Украина Киев 46 143 700 80.8 603 700

Државно уредување на земјите

уреди

Република Белорусија е република со претседател и законодавна власт во дводомен парламент. Извршната влас ја има владата.

Република Естонија е парламентарна република на чело со претседател. Законодавната влас ја има еднодомен парламент, а извршната влас ја има владата.

Република Латвија/Летонија е парламентарна република на чело со претседател. Законодавната влас е во надлежност на парламентот, а извршната власт е во надлежност на владата.

Република Литванија е претседателска република, законодавен орган е парламентот, а извршната власт ја спроведуваат претседателот и владата.

Република Молдавија е република на чело со претседател, законодавната власт е парламентот, а извршната власт е владата.

Руска Федерација е федеративна република на чело со претседател. Извршната власт ја има владата. Законодавен орган е дводомно федерално собрание (Совет на Федерацијата и Државната Дума).

Република Украина е република на чело со претседател. Законодавната власт е Врховната рада. Извршната власт ја има кабинетот на министри.

Релјеф

уреди

Релјефот скоро на целата територија на Источна Европа е едноличен. Главно, припаѓа на Источноевропската Низина. Се одликува со благо ридесто разбранувана површина со мали надморски височини што не применуваат повеќе од 500м надморска височина. Покарактеристични релјефни целини се висорамнините. Такви се: Средноруската Висорамнина, Приволшката Висорамнина, Валдајската Висорамнина, Приднепровската Висорамнина, Белоруската Греда, Северната Висорамнина. Типични рамници претставуваат низините што се наоѓаат во приморските територии или меѓу таканаречените висорамнини. Такви низини се: Прикасписката Низина, Црноморската Низина, Очкочдонската Низина, Полесје во Белорусија и во Северна Украина и Пибалтичката Низина и низините спрема Белото и Баренцовото Море на север. Исклучок во релјефот се мали делови од планините Карпати во западните делови од планината Урал со височини од околу 1500м н.в.

Клима

уреди

Ридесто разбрануваниот релјеф, кој еднолично се простира на огромна територија што излегува на повеќе мориња на југ, запад и на север, како и релативно нискиот планински венец Урал од исток се главна одредница за климатските одлики на територијата на Источна Европа. Широкото појасно простирање на територијата од околу 45° до 70° с.г.ш.[1] овозможило присуство на повеќе климатски типови. Така, на пример, во најсеверните делови на Источна Европа е присутна поларна клима, а поголемиот дел од годината е со негативни температури. Спротивно на тоа во најјужните, односно, во приморските делови на Црното Море е присутна средоземна или средоземна клима, а температурите ретко паѓаат под нулата.. Меѓу овие два климатски типа е присутна типична континентална клима, која во голема мера е под влијание на климатските прилики во Сибир на исток и Северното Море од запад. Во овие простори врнежите се движат околу 500-700мм. Во северните и во јужните делови на Источна Европа тие се движат од 300-500мм, а во Прикасписката Низина се движат од околу 300мм годишно, така што таму владее полупустински климатски тип.

Растителен свет

уреди

Климатските одлики во Источна Европа го определуваат и простирањето на рестителните заедници. Така, во најсеверните територии е застапена тундрата, која се одликува со закржлавена вегетација од лишаи, мовови и ретки треви. Појужно се простираат непрегледни зимзелени шуми, познати под името тајга. Тие се заменуваат со листопадни шуми кои, одејќи кон југ, стануваат се поретки и преминуваат во тревни простори наречени степи, кои во недостиг на врнежи во Прикасписката Низина добиваат одлики на полупустинска вегетација.

Речна мрежа

уреди

Речната мрежа во Источна Европа се одликува со големи и долги реки кои имаат простарни сливови. Реките припаѓаат на сливовите на Атлантскиот Океан, на Северноледениот Океан и на Каспиското Езеро. Реките од сливот на Атлантскиот Океан се влеваат во Балтичкото. Црното и Азовското Море и зафаќаат сливна површина од околу 1 800 000 км2. Најголеми притоки на Балтичкото Море се Нева и Западна Двина, на Црното Море се Днестар и Днепар, а на Азовското Море - реката Дон. ВО сливот на Каспиското Езеро од територијата на Источна Европа спаѓаат сливната територија на реката Волга со притоките Ока и Кама и реката Урал. Волга е најдолга и најголема река во Европа. Во сливот на Северноледениот Океан, поточно на Белото и на Баренцовото Море, спаѓаат повеќе реки, од кои позначајни се Северна Двина, Печора и Онега. Реките во Источна Европа главно извираат околу Валдајската, Средноруската и Северната Висорамнина, кои претставуваат и главни водоразделни линии. Поради нискиот релјеф речната мрежа е релативно густа, а во контекст на климарските услови реките се мошне големи и полноводни.

Река Должина (км)
Волга 3 688
Дунав 2 850
Урал 2 534
Днепар 2 285
Дон 1 970
Печора 1 809
Рајна 1 326
Северна Двина 1 302
Лаба 1 165
Висла 1 095

Население

уреди

Во однос на другите региони на Европа, територијата на Источна Европа е значително поголема. Големото простирање по географската широчина и различните климатски прилики се главна причина за релативно помалата населеност на Источна Европа, каде што густината на населеност е, главно, под 50 жители на км2. Исклучок се Украина и Моладвија, кои се малку погусто населени. Населението е претежно разместено во средишните појаси на Источна Европа, додека северните и јужните прикасписки области се значително поретко населени.

Јазици

уреди

Во Источна Европа најбројни народи се Русите и Украинците, а нешто помалку се застапени Белорусите, Молдавците, Литванците, Летонците и Естонците. Русите и Украинците и Белорусите припаѓаат на словенската група народи и зворуваат руски, украински и белоруски јазик, кои спаѓаат во словенската група јазици и меѓусебно се мошне слични. Кај нив се користи кириличното писмо. Во Молдавија се зборува молдавскиот јазик, која спаѓа во италската/романската група јазици. Литванците и Летонците зворуваат литвански и летонски јазици што спаѓаат во посевно балтичко јазично подрачје, а Естонците зборуваат естонски, кој спаѓа во унгаро-финската група јазици. Карактеристично е то што во Литванија, Естонија, Летонија, Белорусија и Украина има големи групации руско население кое има статус на малцинство и зборува руски јазик.

Религија

уреди

Мнозинството од населението на Источна Европа припаѓа на христијанската религија. Поголемиот дел од него, поточно населението во урсија, Украина, Белорусија, Грузија и Молдавија е со православна вероисповед, населението во Литванија е со католичка вероисповед, а населението во Летонија и Естонија е со протестанската вероисповед.

Култура

уреди

Големите простанства во Источна Европа условиле развој на различни култури и традиции. Посебна одлика во Русија, Белорусија и Украина се разни архитектонски градви со општокултурни традиции, богати литературни, научни, музички спортски и други достигнувања. Населението во Молдавија за разлика од словенското има посебни одлики во однос на култура и традиција. Слични се состојвите во прибалтичките држави, но со значителни влијанија на словенските народи. Во поголемиот дел од Источна Европа населението има слични јазици, религии и култури, за разлика на некои други региони на Европа.

Стопанство

уреди

Земјоделството е претежно организирано и развиено во средишните делови на Источна Европа, некаде што главно, се прозиведуваат житни култури. Најзастапена е пченицата која се одгледува во појасот на Украина и Русија до Урал. Посеверно се застапени поотпорни житни култури, како р’ж, овес и јачмен. Оваа територија е најголема житница во Европа. ОСвен житариците, застапено е одгледувањето на компит, шеќерна репка и сончоглед. Во јужните делови, околу Црноземјето се застапени градинсрството и виновата лоза. Паралелно со пространото земјоделско производство е развиено и сточарството. Најзастапени се говедарството и свињарството. Посеверно, во пространите шумски комплекси на руската тајга е развиено шумарството. Териториите на северните прикасписки простори (поради ладната клима и мочуришното земјиште) и јужните прикасписки простори(поради високите температури и полупустинските климатски услови) не се поволни за земјоделско стопанисвуање. Развојот на индустријата во земјите од Источна Европа е нешто поразлично од развојот во другите делови на Европа. Уште во времето на Советскиот Сојуз таа беше ориентирана кон развој на тешката индустрија. Најголемо внимание се посветуваше на прозиводството на големи и градежни машини, локомотиви, транспортни срества и оружје, а помалку внимание му се посветуваше на индустриското проузводство за широка потрошувачка. Најразвиени индустриски центри се подрачјата околу градовите Москва, Санкт Петербург, Нижни Новгорд, Самара и во Волгоград во Русија, потоа Киев, Запорожје и Донец во Украина, Минск во Белорусија инт. За развојот на индустријата се важни рудните наоѓалишта на Урал и големите енергетски богатства. Енергетските богатства во Источна Европа се огромни, особено оние во Русија од кои зависи голем дел од развојот во други држави. Источна Европа располага со големи количества јаглен, нафта и земјен гас, но располага и со големо производство на хидроелектрична енергија. Меѓутоа, иако поголем дел од населението живее во европскиот дел, природните енергетски извори се користат и во азискиот дел на Русија, така што се изградени голем број нафтоводи и гасоводи - како за државите од Источна Европа така иза другите држави од Европа. Поради големите пространства сообраќајната мрежа во Источна Европа е посебно развиена, според бројот и според квалитетот на патиштата. Голема улога игра железничкиот транспорт, водниот сообраќај (Особено речно-каналската пловидба), но и авионскиот сообраќај. Како на проектот на развојот на индустријата во светот така и во земјите на Источна Европа заради поголемо производство се отвораат разни фабрики без да се води сметка за загадувањето и за заштитата на животната средина. Една од хавариите беше експлозијата на атомската централа во Украинскиот Чернобил во 1986 година. Во сферата на техничко-технолошкиот развој земјите од Источна Европа, особено Русија, се на врвот заедно со земјите од Западна Европа и од светот, а Рустија е една од воечките вселенски сили во светот. Развојот на туризмот е ориентиран во поголемите центри и во топлите области на Црното Море и Каспиското Езеро.

Карти за Источна Европа

уреди

Наводи

уреди
  1. с.г.ш - Северна географска широчина

Поврзано

уреди