Камен мост (Скопје)

мост во Скопје
(Пренасочено од Камен мост)

Камениот мост во Скопје — една од најзначајните знаменитости на градот. Сместен е во центарот на градот и ги поврзува плоштадот Македонија и Старата скопска чаршија.[2] Постојат две претпоставки околу датацијата на мостот. Според првата која е потврдена со археолошките проучувања, тој бил изграден во VI век, веднаш по катастрофалниот земјотрес од 518 г., во текот на градежните активности кои биле преземени низ сета Империја од страна на императорот Јустинијан I. Според втората претпоставка, која е поддржана со историски извори, мостот бил изграден во времето на султанот Мехмед II Освојувачот (1444-1446; 1451-1481), во периодот меѓу 1451 и 1469 г. Мостот денеска се смета за симбол на градот Скопје и е главен елемент на грбот на Скопје, кој пак грб е насликан на знамето на Скопје во жолто-златна боја.[3]

Камен мост
Поглед на мостот.
Координати41°59′49″N 21°25′59″E / 41.996992° СГШ; 21.433071° ИГД / 41.996992; 21.433071
ПреминуваВардар
МестоСкопје
Официјален називКамен мост
Други називиДушанов мост[1]
Особености
Видлачен мост
Вкуп. должина213,85 м
Ширина6 м
Местоположба
Карта
Камениот мост на поштенска разгледница од крај на XIX и почеток на XX век

Првобитен изглед

уреди
 
Камениот мост кон средината на шеесеттите години од минатиот век

Во својата првобитна форма, мостот имал 13 сводови, со вкупна должина 213,85 м. и ширина од 6,33 м. Тој бил изграден од травертински блокови наредени со големо мајсторство и точност, меѓусебно врзани со железни кламфи, зацврстени со леано олово, кршен камен и малтер употребени во внатрешноста на столбовите. Некои од нив - како што е на пример средишниот столб, кој во својот горен дел завршува со украсна ниша (стражарница), во својата внатрешност имаат големи простории со двојна функција, да го намалат, оптоварувањето на столбот, но и да послужат како простории со пушкарници.

 
Камениот мост навечер

Обновувања и санации

уреди

Низ вековите мостот претрпел повеќе оштетувања, што наложувало и конкретни зафати за неговото санирање и обнова. Познато е дека мостот настрадал од големиот земјотрес од 1555 г. кога биле разурнати или тешко оштетени четири столбови. Турскиот патописец Евлија Челебија, кој престојувал во градот во 1660-61 г., го препишал од мермерна плоча натписот што бил поставен на мостот при неговото обновување. Во натписот е запишано:

Кога луѓето го видоа обновувањето на овој беспримерен мост, фалејќи го, рекоа: „Многу е поубав отколку што беше порано.“

Обновата била изведена 987 година по хиџра, односно 1579 г. Обновениот мост опстојувал пред почестите налети на реката. Но сепак, во 1817-18 г., за време на султанот Махмуд II (1808-1839 г.), била извршена нова интервенција, за која според податоците биле платени 28.816 гроша и 2 аспри. Интервенции за одржување на мостот се правени и подоцна. Така пред 1885 г. биле презедени градежни работи за обновување на арките и сводовите од североисточната страна, при што се употребени тули за сводовите и камени плочи за долните партии на столбовите. Низ сиот период, сѐ до 1909 г., мостот имал огради од камени плочи. Во 1895 г., којзнае по кој пат, мостот се нашол под ударот на силно надојдените води на реката Вардар, па во 1896 и 1897 г. биле изградени заштитни ѕидови на кејот, како една од мерките за регулирање на речниот тек во овој дел.

Од една денес изгубена камена плоча, која сè до 1963 г. се наоѓаше на мостот, а чијшто врежан текст е препишан и така остана сочуван, дознаваме дека по наредба на султанот Мехмед V Решат, во 1909 г., било изведено проширување на мостот со помошта на метални конзоли, кои носеле тротоар од двете страни на мостот.

Во 1944 г. Камениот мост бил миниран од страна на фашистичката војска, но, со ослободување на градот било спречено активирањето на поставениот динамит и мостот бил спасен од уривање.

Со цел да се врати првобитниот изглед на камениот мост, почнувајќи од 1992 г. се започнати нови интервенции. Така, тротоарите врз железните конзоли се симнати, со што е добиена првобитната ширина на мостот. Реставрацијата на камениот мост сѐ уште е во тек.

Камениот мост како мотив во уметноста

уреди

Галерија

уреди

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. Knowledge Bank at OSU
  2. „Камен мост, Скопје, Македонија“. Архивирано од изворникот на 2011-05-26. Посетено на 2010-09-06.
  3. Официјален портал на град Скопје: Градски симболи Архивирано на 29 септември 2014 г..
  4. Оливера Ќорвезироска, Престапни години (прозен календар). Скопје: Бегемот, 2021, стр. 20-21.