Океан
Океан (од грчки Ὠκεανὸς, "океанос"[1]) е голем резервоар на солена вода, и главна компонента на хидросферата. Околу 71% од површината на Земјата (~3.61 X 1014 m2) е прекриена со океани, споен резервоар на вода кој условно е поделен на неколку главни океани и помали мориња. Скоро половина од светските води се длабоки над 3000 метри.
Овој споен резервоар на солена вода, наречено Светски Океан, главно се дели според континентите и архипелазите на: Тихи Океан, Атлантски Океан, Индиски Океан, Јужен Океан и Северноледен Океан. Последниот океанографски се нарекува Средоземно Море. Помалите региони од океаните се нарекуваат мориња, заливи, теснеци и др.
Геолошки, океанот е област од океанска кора покриена со вода. Океанска кора е тенкиот слој од стврднат вулкански базалт кој ја покрива Земјината површина каде нема континенти. Од овој аспект, денес постојат три „океани“: Светскиот Океан, Црното и Касписко море, кои се формирале со колизија на Цимерија со Лауразија. Средоземното Море е скоро свој „океан“, поврзано со Светскиот Океан преку Гибралтарскиот Теснец, и повеќепати во последните неколку милиони години движењето на Африканскиот континент го затворило теснецот целосно, правеќи го Средоземното Море четврт „океан“.[2]
Светскиот Океан зафаќа површина од 361 милиони км2, волумен од 1.340 милиони км2, а просечната длабочина е 3.711 метри. Скоро половина од светските води се длабоки над 3.000 метри. Ова не вклучува мориња кои не се поврзани со Светскиот Океан, како Каспиското Море. Вкупната маса на хидросферата е скоро 1.4 × 1021 kg, ca. 0.023 % од вкупната Земјина маса.
Океанот како тема во уметноста и во популарната култура
уреди- „Загледан во океанот“ - песна на македонскиот поет Ацо Шопов.[3]
- „Океан“ (англиски: Ocean) - песна на британската група Дед кен денс (Dead Can Dance) од 1984 година.[4]
- „Океан“ (англиски: The Ocean) — песна на ирската рок-група Ју Ту (U2) од 1981 година.[5]
- „Океан“ — песна на српската рок-група Луна од 1984 година.[6]
- „Океани“ (англиски: Oceans) — песна на американската рок-група Перл Џем (Pearl Jam) од 1991 година.[7]
- „Океан“ (англиски: Ocean) - песна на американскиот рок-музичар Лу Рид од 1972 година.[8]
- „Големина на океан“ (англиски: Ocean Size) - песна на американската рок-група Џејнс адикшн (Jane's Addiction) од 1988 година.[9]
Надворешни врски
уреди- Ocean Explorer
- Науката навлегува во тајните на океаните
- Зошто се океаните солени? Архивирано на 9 февруари 2015 г.
- Официјални IHO граници на Океани и мориња Архивирано на 16 јули 2004 г.
- Експедицијата Хидроген Архивирано на 27 јуни 2017 г.
- Океана - Заштите на Светските Океани
- Светска Океанска Опсерваторија
- Гринпис Архивирано на 6 септември 2008 г.
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ Ὠκεανός, Henry George Liddell, Robert Scott, Грчко-англиски лексиокон, на Персеус проектот
- ↑ „Matthias Tomczak и J. Stuart Godfrey. 2003. Регионална Океанографија: Вовед“. Архивирано од изворникот на 2007-06-30. Посетено на 2006-05-14.
- ↑ Ацо Шопов, Песни. Скопје: Македонска книга, Мисла и Култура, 1988, стр. 118-119.
- ↑ Discogs, Dead Can Dance – Dead Can Dance (пристапено на 3.6.2020)
- ↑ Discogs, U2 – Boy (пристапено на 26.5.2021)
- ↑ Luna (22) – Nestvarne Stvari (пристапено на 30.1.2023)
- ↑ Discogs, (пристапено на 8.6.2023)
- ↑ YouTube, Lou Reed-1st Album-1972 (vinil rip)(Full) (пристапено на 2.12.2017)
- ↑ Discogs, Jane's Addiction – Nothing's Shocking (пристапено на 17.12.2020)