Праз
Праз (науч. Allium ampeloprasum, syn. Allium porrum, празова група) — зеленчук од родот лук (Allium) заедно со кромидот и лукот, во состав на семејството кокичиња (Amaryllidaceae).[1] Денес постојат поголем број на сорти, речиси сите произлезени од овој вид.
Праз | |
---|---|
Научна класификација [ у ] | |
Царство: | Растенија |
клад: | Скриеносеменици |
клад: | Монокотиледони |
Ред: | Шпаргловидни |
Семејство: | Кокичиња |
Род: | Лук |
Вид: | Праз L. |
Научен назив | |
Allium ampeloprasum | |
Синоними | |
Allium porrum L. |
Јадливиот дел на растението е страк од концентрични слоеви, додека пак самите лисја обично се одбегнуваат бидејќи се пожилави.
Во Македонија празот е застапен со две сорти: подолгиот „камуш“ и помалку застапената западноевропска сорта со помала должина.[2] Особено познат по својот квалитет е празот од Општина Василево, каде се одржува и годишната манифестација „Празијада“. Највеќе праз во државата се одгледува во василевското село Градошорци.[3]
Во 2012 г. во Македонија се произведени околу 300 тони праз, што претставува извесен пад во споредба со 700 тони во 2008 и 500 тони во 2005 г., но сепак значајно подобрување во однос на проценетите 200 тони во 2002 и 100 тони во 1995 г.[4]
Во Велс овој зеленчук има големо културно-историско значење и претставува еден од националните симболи на земјата.
Облик
уредиНаместо да има цврста луковица како кај кромидот, празот се завива во долг свиок од тенки слоеви. Поголеми растенија се одбиваат со делумно прикривање на младите стебла. Семето може да се из’ртува во стакленици, за потоа да се засади надвор при подобри временски услови. Откако ќе фати корен, празот е мошне издржлив — постојат многу сорти што се оставаат преку зима и се берат во потоплиот период.
Хранливи вредности на празот
уредиПразот содржи 13,4% суви материи, 1,3% белковини, 6,7% шеќери, големо количество на витамини и минерални материи. Должината на празот изнесува 30- 40 см, а пречникот 3-5 см, зависно од сортата и од агротехниката при одгледување[5].
Сорти
уредиСортите на празот сочинуваат една сортна група.[6] Може да се поделат на неколку начини, од кои најзастапена е поделбата на „летни“, кои се берат во истата сезона) и „презимни“, кои се берат на пролет следната година. Летните се помали, а презимните се поголеми, со посилен вкус.
Одгледување
уредиОва растение е лесно за одгледување од семе и може долго да стои во насадите откако ќе стаса за берба. Созреваат во есенските месеци и не страдаат од значајни болести и штетници. Можат да се берат и како млади. Особено добри празови се добиваат со надодавање земја околу растението.
Заштита
уредиМногу често се појавува дамкавост на листот чиј главен причинител е габата Alternaria porri, а заштита од неа се врши со Captam отр-50, во концентрација од 0,2-0,3% или Ditham М 45.
‘Рѓа на празот (Pucinia porri) – се појавува испупчување со црвеникава темна боја на листот обиколен со хлоротичен ореол. Посилно заразените листови пожолтуваат и предвреме изумираат. Сузбивањето е со плодоред и со уништување на заразените остатоци, а од фунгицидите се користат Ditham М45, antracol WP 70, во концентрација 0,25-0,30%.
Берба и складирање: Бербата е кон крајот на октомври и почетокот на ноември. Извадените растенија најпрво се чистат од земјата, сувите и искршени листови се отстрануваат, а потоа се скратува коренот на 2-3 см, а лисјата на 20 см. Приносот од 1 ха е 40-100 тона.
Поголемите количества се утрапуваат во претходно подготвен трап длабок 40-50 см и широк 30 см. Растенијата се поставуваат право и малку накосо и се затрупуваат во висина од 2/3. Потоа се оди на втор ред итн. Ако има многу ниски температури, празот се покрива со слој од слама во висина 10-15 см[5].
Во готвењето
уредиСвежиот праз е крцкав и цврст со вкус налик на кромид. Во готвењето се користи белиот и светлозелениот дел, но понекогаш и темнозелените листови.[7] Празот се приготвува на разни начини: со варење, пржење или пак се служи сиров. Покрај разните варива и чорби, присутен е во пити и ќофтиња, како салата или како гарнир.
Галерија
уреди-
Праз
-
Стракови праз
-
Манифестацијата „Празијада“ во организација на Општина Василево, југоисточна Македонија
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ Stevens, P.F. (2001 onwards), Angiosperm Phylogeny Website: Asparagales: Allioideae Проверете ги датумските вредности во:
|year=
(help) - ↑ Ристовски, Блаже, уред. (2009). „Лукови култури: Праз“. Македонска енциклопедија. , книга . Скопје: МАНУ. Text "series " ignored (help)
- ↑ http://faktor.mk/archives/82386?utm_source=rss&utm_medium=rss&utm_campaign=prazijada-2013-vo-vasilevo-ovde-raste-najkvalitetniot-praz-vo-zemjava
- ↑ „Производство на праз во Република Македонија“. Организација за исхрана и земјоделство на ООН. Архивирано од изворникот на 2012-06-19. Посетено на 12 март 2015.
- ↑ 5,0 5,1 „Расадот основа за добар производ - Agroalternativa“. Agroalternativa. 2014-09-18. Архивирано од изворникот на 2018-05-05. Посетено на 2018-05-10.
- ↑ Brewster, James L. (2008). Onions and other vegetable alliums (II. изд.). Wallingford, UK: CABI International. ISBN 978-1-84593-399-9. стр. 30
- ↑ Librarie Larousse, уред. (1984). Larousse Gastronomique: The World's Greatest Cooking Encyclopedia. The Hamlyn Publishing Group Limited.
Надворешни врски
уреди- Праз на Ризницата ?
- „Праз“ — Енциклопедија на живиот свет
- Праз — „Мои рецепти“ (македонски)
- Праз Архивирано на 16 март 2006 г. — Музеј на храната (англиски)