Васов Град
вулканска купа во кај Мрежичко, Кавадаречко
Васов Град — палеовулканска купа во јужна Македонија, најзабележителната во Кожуфско-витачевската палеовулканска релјефна област. Се издига на западните падини на планината Кожуф југоисточно од с. Мрежичко. Висока е 500-600 м над околниот релјеф, а највисоката точка е на надморска височина од 1.401 м.[1]
Васов Град | |
---|---|
Највисока точка | |
Надм. вис. | 1.401 м [1] |
Истакнатост | 500-600 м [1] |
Координати | 41°10′12″N 22°02′12″E / 41.17000° СГШ; 22.03667° ИГД |
Географија | |
Место | Македонија |
Регион | Општина Кавадарци, јужна Македонија |
Матичен венец | Кожуф |
На купата се наоѓа истоименото археолошко наоѓалиште, кое претставува утврдена населба од доцноантичко време.[2]
Геолошки состав
уредиКупата е составена главно од андезитска лава. Околу купата има напласти на туфови и пирокластичен материјал, што укажува на експлозивниот тип на избув. Околу Васов Град има неколку паразитски купи како: Острец (1.550 м), Цврстец (1.535 м) и други.[1]
Поврзано
уреди- Васов Град (археолошко наоѓалиште) — утврдена населба од доцноантичко време на ридот
- Турски Рид
- Кожуф
- Мрежичка Река
- Вулканизам во Македонија
Наводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 1,2 1,3 Група автори (2016). „Вулканска купа Васов Град“. Студија за геодиверзитетот и геонаследството на Република Македонија и другите компоненти на природата (PDF). Скопје: Министерство за животна средина и просторно планирање. стр. 143. ISBN 978-9989-110-90-0.
- ↑ Грозданов, Цветан; Коцо, Димче; и др. (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Т. 2. Скопје: МАНУ. стр. 155. ISBN 9989-649-28-6.