Сусам, поточно индиски сусам (науч. Sesamum indicum) — суптропско маслодајно растение растение од семејството на сусамите (Pedaliaceae). Сусамот е висока едногодишна билка со мешункаст плод, чие семе се бере зрело, а потоа се суши.

Сусам
Сусамови растенија
Научна класификација [ у ]
Царство: Растенија
клад: Скриеносеменици
клад: Евдикоти
клад: Астериди
Ред: Усноцветовидни
Семејство: Сусами
Род: Сусам
Вид: Сусам
Научен назив
Sesamum indicum
L.
Синоними[1]
  • Dysosmon amoenum Raf.
  • Sesamum africanum Tod.
  • Sesamum occidentalis Heer & Regel
  • Sesamum oleiferum Sm.
  • Sesamum orientale L.
  • Volkameria orientalis (L.) Kuntze

Производство

уреди

Сусамот најмногу се одгледува во Кина, Индија и Судан. Во Македонија, сусамот се одгледува на околу 1.000 хектари, а просечниот принос е 300-400 килограми од еден хектар, односно годишно се добива по 400 тони сусамово семе. Тиквешијата е главно подрачје за одгледување сусам.

Семето на сусамот содржи 45-60 % квалитетно масло, кое се користи во производството на масло за јадење, маргарин и путер и како додаток на пекарските производи.

Корисни својства

уреди

За лековитото дејство на сусамот против ќелавост, првут, забоболка, ишијас и нарушување на доењето знаеле уште старите Египќани, Асирците, Вавилонците, Индусите и Кинезите. Семето на сусамот содржи висока концентрација на фитостерол, хемиска материја слична на холестеролот и која има моќ да го регулира нивото на холестерол во крвта, да го подобри имунитетот и да го намали ризикот од појава на одредени видови карцином. Исто така, маслото од сусам помага против појавата на тромб, односно згрутчување на крвта, како и против долготраен запек. Оттука, тоа се препорачува за отстранување на цревните паразити, за чистење на цревата и за лекување на хемороидите. Во народната медицина, сусамот се користи во лекувањето на повреди, акни, чиреви, брадавици и изгореници.28

Сусамот е многу богат со железо, а во него се присутни и други минерали, како: калциум, манган, бакар, магнезиум и селен. Од витамините, во сусамот има најмногу витамин Е, кој е моќен антиоксиданс, но тој е одличен извор и на витамин Б1, фолна киселина, пиридоксин Б6, ниацин и рибофлавин. Понатаму, во него има сезамин кој е важен во заштитата на црниот дроб, како и лигнан кој ги намалува холестеролот и крвниот притисок, а го зголемува витаминот Е. Сусамот е делотворен против воспаленија и болки од ревматоиден артритис, како и при напади на астма. Најпосле, во азиските земји, сусамот се смета за силен афродизијак.[2]

Наводи

уреди
  1. „The Plant List: A Working List of All Plant Species“. Архивирано од изворникот на 2020-05-19. Посетено на 14 јануари 2015.
  2. „Јадете сусам за да немате мака со холестеролот“, Здравје, понеделник, 15 декември 2014, стр. 28-29.