Градинарство
Градинарство — поим кој означува одгледување на растенија заради нивното пријатно цвеќе или зеленило, како и зеленчук, овошје за исхрана, во кој случај е познато и како бавчанџиство. Градинарството се практикува од прехранбени причини, но и за разубавување на животната околина. По својот размер варира: од овоштарници, долги булеварски леи со еден или повеќе видови зеленило, дрвја и зелјести растенија, домашни тревници и темел-садења, па сè до мали и големи саксии за одгледување внатре или надвор. Градинарството често е конкретно, со одгледување на само еден вид на растение, а може да биде и мешано, со голем број на различни растенија. Тоа подразбира активно учество, посветеност и труд, по што се разликува од полјоделството или шумарството.
Дел од темата Хортикултура и градинарство |
Градинарство |
---|
Градинарство • Градина • Ботаничка градина • Арборетум • Ботаника • Растение |
Хортикултура |
Хортикултура • Земјоделство • Урбано земјоделство • Градска фарма • Органско полјоделство • Билна фарма • Разонодна фарма • Меѓусад • Фарма |
Обичаи |
Заштита на растенијата |
Видови градинарство
уредиДомашно градинарство кое се одвива близу домот, на место наречено градина. Иако градината обично се наоѓа на земја крај живеалиштето, истата може да биде сместена и на покрив, во атриум, на балкон, во прозорска саксија или пак на патио или во вивариум. Кога станува збор за одгледување на зеленчук и овошје, тогаш ваквата градина се нарекува бавча.
Градинарството се одвива и на нестамбени зеленила, како паркови, јавни или полујавни градини (ботанички или зоолошки), забавни паркови, крај транспортни премини и околу туристички атракции. Во овие случаи, градината ја одржуваат градинари или одржувачи.
Внатрешно градинарство кое се занимава со одгледување на домашни растенија во рамките на еден дом, во стаклена градина или стакленик. Внатрешните градини понекогаш се составен дел од климатизацијата или грејниот систем на објектот.
Водно градинарство кое се занимава со одгледување на растенија приспособени за базени и езерца. Наједноставната водна градина може да се состои само од сад со вода и растенија.
Садово градинарство кое се занимава со одгледување на растенија во некој вид на сад, внатре или надвор. Садови можат да бидат саксии, висечки кошници и жардинери. Ваквото градинарство обично се одвива на балкони, тремови, атруми и на покрив.
Здружено градинарство е социјална активност при која извесна површина земја се одгледува од повеќе луѓе, така овозможувајќи свежи производи и растенија како и пристап кон задоволителен труд, подобрување на соседството, смисла за заедница и поверзување со околината.[1][2] Заедничките градини се во сопственост на фонд на локалната власт или некоја непрофитна организација. [3]
Споредба со полјоделството
уредиВо поглед на неговата прехранбена намена, градинарството (бавчанџиството) се разликува од полјоделството главно по размер и цел. Полјоделството е поголемо по размер, и има за цел да произведува продажни стоки. Градинарството по размер е помало, и има за цел да произведе стока за семејството на сопственикот или за заедницата. Една меѓуваријанта е малостопанственичкото градинарство, каде земјоделецот или градинарот одгледува на мало, за продавање на сопствена тезга на пазар.
Главната разлика помеѓу градинарството и полјоделството е во големината; градинарството може да биде хоби и извор на додатни приходи, додека полјоделството е редовна стопанска активност, која се одвива на поголеми површини и користи поинакви методи. Градинарството бара личен труд и не му е потребен некој посебен инфраструктурен капитал, обично не повеќе од неколку алатки (на пр. лопата, мотика, корпа и вадалка. За разлика од тоа, полјоделството на големо бара систем на наводнување, вештачки ѓубрива и жетварски возила и скали, на пр. за достигање на овошки. Меѓутоа во последно време оваа разлика се губи со употребата на електрични и моторизирани алатки дури и во мали градини.
Делумно заради макотрпноста, физичката посветеност и естетските причини, градинарството е многу попродуктивно по единица површина отколку полјоделството. Во СССР, половина од храната доаѓала од малите селски парцели во рамките на огромните државни колхози, иако самите тие биле мали бавчи.
Понекогаш се среќава поимот прецизно земјоделство, за градинарство кое користи соодветна техонологија (повеќе како алатки, помалку како жетварки), особено за органското одгледување. Градинарството може успешно да се прилагоди за прехрана на цели села од над 100 луѓе од специјализирани парцели. Варијанта на ова е заедничката градина која им нуди парцели на урбаните жители.
Градинарството како уметност
уредиГрадинарскиот дизајн во повеќето култури се смета за уметност, и се разликува од градинарството, кое обично значи одржување на градина. Во Јапонија, самураите и зен-свештениците често морале да изработуваат декоративни градини и да практикуваат цветен аранжман наречен икебана. Во XVII век во Европа биле ангажирани пејзажни градинари за преобразување на имотите во формални градини или пејзажирани паркови. Такви примери се Версај во Франција и Стоу во Англја. Денес пејзажните архитекти и градинарските дизајнери продолжуваат да создаваат уметнички креативни дизајни за приватни дворови.
Историја
уредиГрадинарството за прехрана датира од праисторијата. Орнаменталните градини постоеле уште во антиката. Познат пример се Семирамидините висечки градини, додека во Стариот Рим секоја куќа со внатрешен двор имала градина.
Градината како тема во уметноста и во популарната култура
уредиГрадината како тема во книжевноста
уреди- „Крај градината Сали“ (англиски: Down by the Sally Gardens) - песна на ирскиот поет Вилијам Батлер Јејтс.[4]
- „Снежнобела градина“ - песна на рускиот поет Станислав Красовицки.[5]
- „Градина на камењата“ - роман на руско-турската писателка Јана Темиз.[6]
- „Бавча“ (српски: Башта) - кус расказ на македонскиот писател Митко Маџунков од 1984 година.[7]
- „Градина на мачењето“ (француски: Le Jardin des suppplices) - роман на францускиот писател Октав Мирбо од 1899 година.[8]
- „Тајната градина“ (англиски: The secret garden) -роман на американската писателка Френсис Хоџсон Барнет од 1911 година.[9]
- „Градина на тајните“ - поетска збирка на бразилскиот писател Рибејро Коуто од 1921 година.[10]
- „Нездодевната градина“ - поетски циклус на рускиот писател Борис Пастернак од 1919 година.[11]
- „Ботаничка градина“ - песна во проза на полскиот поет Збигњев Херберт.[12]
- „Градинар“ - суфиска приказна.[13]
Градината како тема во музиката
уреди- „Во градина има“ - македонска народна песна.[14]
- „Се свалила Митра долу во градина“ - македонска народна песна.[15]
- „Влегло моме во градинче“ - македонска народна песна.[16]
- „Сношти минав крај рајската градина“ - македонска народна песна.[17]
- „Атомска градина“ (англиски: Atomic Garden) - песна на американската хард-кор група Bad Religion.[18]
- „Градината на октоподот“ (англиски: Octopus's Garden) - песна на британската група Битлси од 1969 година.[19]
- „Градината на Зефир“ (англиски: The Garden Of Zephirus) - песна на британската група Dead Can Dance од 1990 година.[20]
- „Трн во градината“ (англиски: Thorn Tree In The Garden)“ - песна на блуз-рок групата Derek and the Dominos од 1970 година.[21]
- „Сеќавање на градината“ (англиски: Garden Recalled) — песна на дуото Ено / Вобл (Eno / Wobble) од 1995 година.[22]
- „Градината на црвот“ (англиски: Garden Of Worm) — песна на британската рок-група King Crimson од 1970 година.[23]
- „Висечка градина“ (англиски: Hanging Garden) - песна на британската рок-група Кјур (The Cure).[24]
- „Напуштени градини“ (англиски: Deserted gardens) - песна на македонската рок-група Mooger Fooger.[25]
- „Градина“ (англиски: Garden) — песна на американската рок-група Перл Џем (Pearl Jam) од 1991 година.[26]
- „Враќање во градината (Делови I-IV)“ (англиски: Back to the Garden (Parts I-IV)) - песна на американската хард-кор група Реган Јут (Reagan Youth).[27]
- „Тајната градина“ (The Secret Garden) - песна на американскиот музичар и продуцент Квинси Џоунс (Quincy Jones) од 1989 година.[28]
Градината како тема во ликовната уметност
уреди- „Пролет во градината“ (хрватски: Proljeće u vrtu) - слика на хрватскиот уметник Фердо Ковачевиќ од 1913 година.[29]
Градината како тема во филмот
уреди- „Градината на Финци-Контини“ (италијански: Il Giardino dei Finzi-Contini) - италијански филм од 1970 година, во режија на Виторио де Сика.
- „Градина“ (Garten) - австриски филм од 2018 година, во режија на Петер Шрајнер.[30]
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ „What is a community garden?“. American Community Garden Association. 2007. Архивирано од изворникот на 2007-12-04. Посетено на 2008-03-05.
- ↑ Hannah, A.K. & Oh, P. (2000) Rethinking Urban Poverty: A look at Community Gardens. Bulletin of Science, Technology and & Society. 20(3). 207-216.
- ↑ Ferris, J., Norman, C. & Sempik, J. (2001) People, Land and Sustainability: Community Gardens and the Social Dimension of Sustainable Development. Social Policy and Administration. 35(5). 559-568.
- ↑ Viljem Batler Jejts, Kula. Beograd: Beogradski izdavačko-grafički zavod, 1978, стр. 57.
- ↑ Антологија руске лирике – X-XXI век. Књига III: Средина XX века – поч. XXI века (неомодернизам, неоавангарда, постмодернизам и нова трагања). Београд: Paidea, 2007, стр. 73.
- ↑ Клеопатра - балет на Василиј Медведев (Русија) - светска премиера. Скопје: Македонска опера и балет, 2016, стр. 22.
- ↑ Митко Маџунков, Међа света. Београд: Просвета, 1984, стр. 65.
- ↑ Октав Мирбо, Градина на мачењето. Скопје: Темплум, 2009.
- ↑ Frances Hodgson Burnett, The Secret Garden. Skopje: Ars Lamina - Publications, Libi, 2017.
- ↑ Антoлогија на бразилскиот расказ, Три, Скопје, 2012, стр. 286.
- ↑ Борис Леонидович Пастернак, Изабране песме. Нови Сад: Orpheus, 2011, стр. 74-82.
- ↑ Zbignjev Herbert, Izabrane pesme. Beograd: Treći trg – Čigoja štampa, стр. 23.
- ↑ Суфиски приказни. Скопје: Темплум, 2017, стр. 47.
- ↑ Ѓорѓи Доневски, Сокол ми лета високо. Скопје: Културно-уметничкото друштво „Гоце Делчев“, 1978, стр. 162.
- ↑ Ѓорѓи Доневски, Сокол ми лета високо. Скопје: Културно-уметничкото друштво „Гоце Делчев“, 1978, стр. 27.
- ↑ Ѓорѓи Доневски, Сокол ми лета високо. Скопје: Културно-уметничкото друштво „Гоце Делчев“, 1978, стр. 107.
- ↑ Macedonian Folklore Classics, Anka Gieva. Macedonian Radio and Television, MP 41048.
- ↑ YouTube, Bad Religion - Atomic Garden (пристапено на 13.1.2017)
- ↑ DISCOGS, The Beatles – The Beatles (пристапено на 27.6.2019)
- ↑ Discogs, Dead Can Dance – Aion (пристапено на 15.7.2020)
- ↑ YouTube, Layla Derek and the Dominos (пристапено на 30.10.2017)
- ↑ [ttps://www.discogs.com/master/14101-Eno-Wobble-Spinner Eno* / Wobble* – Spinner (пристапено на 31.1.2024)]
- ↑ King Crimson – In The Wake Of Poseidon (пристапено на 27.1.2023)
- ↑ YouTube, The Cure - Hanging Garden (пристапено на 26.9.2019)
- ↑ Mooger Fooger, 4th of July, Corpus Delicti Records, CD 001.
- ↑ Discogs, (пристапено на 8.6.2023)
- ↑ YouTube, Reagan Youth - Back to the Garden (Parts I-IV) (пристапено на 5.2.2018)
- ↑ Discogs, Quincy Jones – Back On The Block (пристапено на 14.7.2020)
- ↑ Središnja Hrvatska - Dvori s pogledom, Hrvatska turistička zajednica, 2009.
- ↑ Кинотека на Република Северна Македонија, Програма мај 2019.