Бистра (планина)

(Пренасочено од Бистра)

Бистрапланински венец во централниот дел од Западна Македонија. Поради богатството со растителен и животински свет, како и пријатната и лековита планинска клима, претставува туристички доста привлечна и привлечна, пружајќи услови за развој на зимскиот скијачки и летниот стационарен туризам. Издигната е помеѓу Кичевската Котлина на исток и течението на реката Радика од запад. Северната граница ја сочинува басенот на Мавровското Езеро и течението на Мавровска Река а јужниот, изворишниот дел на реката Треска со Ехловечка Река, превојот Јама со Јамска Река, Гарска Река, Мала Река сè до Бошков Мост.

Бистра
Поглед на Бистра
Највисока точка
Надм. вис.2163 м
Матичен врвМеденица
Географија
Бистра на карта

Карта

МестоМакедонија Македонија
ПокраинаЗападна Македонија

Планината зафаќа површина од 572,8 км2[1] од кои 483,8 со висина над 1.000 м и 4,8 км2 со висина над 2000 м.

Геолошко потекло

уреди

Според генезата на настанувањето од една страна и морфолошкиот облик од друга, Бистра претставува впечатлива целина. Од геолошки аспект изградена е од палеозојски карпи, мезозојски седименти и квартерни наслаги. Планината има силно изразен карстен релјеф претставен со сите негови генетски типови. Бистра претставува вистински учебник за карстниот релјеф. Тука можат да се сретнат голем број на површински и подземни форми на карстниот релјеф. Од површинските форми како највпечатливи целини се карстните полиња. Од нив попознати и проучени во целост се карстните полиња: Суво Поле, Тони Вода, Говедарник, Бардаш, Соломуница, Горно и Долно Пољце, Три бари, и Лазарополе. Не помалку можат да се сретнат и подземни карстни форми, пештери, јами и понори. Надалеку познати се пештерите Алилица и Калина Дупка кои изобилуваат со импозантен пештерски накит и сплет од ходници кои водат доста длабоко во внатрешноста. Како такви сигурно претставуваат мамка за спелеолозите и љубителите на пештерските убавини.

Врвови

уреди

Планината претставува голем зарамнет масив, опкружен со бројни планински врвови. Меѓу бројните врвови 15 се повисоки од 2000 метри или просечно на површина 91,5 км2 се наоѓа по еден таков врв повисок од 2000 метри[1]. Од врвовите на Бистра позначајни се:

Езера

уреди
 
Геоморфолошка карта на планината Бистра

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 Панов, Митко. „Географска положба и граници на Бистра“. Во зборникот: „Бистра -природни и социогеографски одлики на планината Бистра“. МАНУ, Скопје, 1983. стр. 7