Билино

планина во Македонија
Ова е објавената верзија, проверена на 17 мај 2023. Промени во предлошки чекаат на преглед.

Билино или Билина — средновисока планина што се протега во крајниот североисточен дел на Македонија на границата со Србија. Точните граници на планината тешко можат да се одредат поради големата десецираност на релјефот. На север се надоврзува Чупино Брдо, кое морфолошки не се разликува многу, па може да се смета за дел од Билино, додека на југ преминот од планината Герман е сосема незабележителен.[1] Главното било се протега во правец север–југ во должина од 15 км, со отклонување кон исток. Највисок врв во јужниот дел е Стража (1.547 м), додека во северниот е Чупино Брдо (1.703 м). Пониските делови се под шума – даб и бука, а повисоките се под пасишта.[2]

Билино
планина
Поглед на главниот дел на билото на Билино
Регион Балкан
Се граничи со Македонија Македонија/ Србија
Највисока точка Чупино Брдо; Стража
 - височина 1.703;1.547 м

Галерија

уреди

Наводи

уреди
  1. Cvijić, Jovan (1906). Osnove za geografiju i geologiju Makedonije i stare Srbije: S promatranjima u juznoj Bulgarsoj, Trakiji, susednim delovima Male Azije, Tesaliji, Epiru i severnoj Arbaniji (српскохрватски). Državna štamparija Kraljevine Srbija.
  2. Zemjodelsko-šumarski fakultet (1970). Godišen zbornik: Annuaire. Sylviculture. Šumarstvo. Univerzitet vo Skopje.