Марица

река на Балканот

Марица (бугарски: Марица; грчки: Έβρος, Еврос; турски: Meriç, Мерич) — најдолга река во Тракија. Извира од Маричините Езера во Рила, тече на југоисток во Горнотракиската Низина и се влева во Егејското Море недалеку од градот Дедеагач. Долга е 515 км[1] и покрива површина од приближно 53.000 км2.[2]

Марица
Местоположба
Физички особености
УстиеЕгејско Море
Должина515 км
Особености на сливот
Карта

По реката е наречен и округот Марица (Еврос) во областа Источна Македонија и Тракија, денес во Грција.

Во минатото Марица била пловна река од Белово надолу по течението, но во денешно време не е толку длабока, бидејќи доста брани ги задржаат водите на важните и притоки. На нејзините брегови се засноваат многу населби - сегашните градови Долна Бања, Костенец, Белово, Пазарџик, Пловдив, Димитровград, Симеоновград, Харманли, Љубимец, Свиленград, Одрин и др.

Марица е најмноговодната река во Бугарија и е со релативно константен проток. Нејзиниот водосборен базен опфаќа голем дел од јужна Бугарија, од Стара Планина до Родопите и од Рила до Сакар. Реката има околу 100 притоки. Водите и главно се користат за наводнување, а во долна и текот е изграден речен канал. При граничниот премин Капитан Андреевo реката Марица напушта територијата на Бугарија и поголемиот дел на долниот и тек ја дефинира границата меѓу Грција и Турција. Реката е пловнa за мали бродови од Едрене до устието и во Егејското Море.

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. Theodore D. Kanellopoulos, Vasilios Kapsimalis, Serafim E. Poulos, Michael O. Angelidis, Aristomenis P. Karageorgis, Kosmas Pavlopoulos: The influence of the Evros River on the recent sedimentation of the inner shelf of the NE Aegean Sea. in: Environmental geology. New York 2007. doi:10.1007/s00254-007-0754-2 ISSN 0943-0105
  2. „old.bluelink.net - Марица“. Архивирано од изворникот на 2013-06-26. Посетено на 2012-05-02.