Гратче (езеро)

вештачко езеро во Македонија
(Пренасочено од Кочанско Езеро)

Гратче или Кочанско Езеро (месно познато како Браната) — вештачко езеро сместено во подножјето на Осоговските Планини, на местото на некогашното село Долно Гратче, оддалечено околу 6 км северно од Кочани.[1] Езерото има издолжен облик во правец север-југ и е со вкупна површина од 0,19 км2.[2]

Гратче
Поглед на езерото Гратче
Карта
Координати41°57′47″N 22°24′30″E / 41.96306° СГШ; 22.40833° ИГД / 41.96306; 22.40833
Видвештачко
Главни приливиМала Река
Велика Река
Главни истециКочанска Река
Сливни земјиМакедонија
Најг. должина1,2 км км
Најг. ширина0,2 км км
Површина{{Пб/Грешка во изразот: Непрепознаен интерпункциски знак „к“
 |1=Грешка во изразот: Непрепознаен интерпункциски знак „к“
}}
0,19 км2 км2
Најг. длабочина29 м м
Зафатнина2,4 хм3[б 1] км3
Надм. височина467 м м

Езерото било изградено на местото на коешто Мала и Велика Река ја образуваат Кочанска Река во 1959 година, со цел водоснабдување на градот Кочани и во помала мера за наводнување на Кочанското Поле.[2]

Географија

уреди

Гратче било создадено на местото на коешто Мала и Велика Река ја образуваат Кочанска Река, каде што во минатото се наоѓало селото Горно Гратче, на надморска височина од 467 м. Езерото е долго 1,2 км, а широко е 0,2 км и има должина на бреговата линија од околу 3,5 км. Неговата површина изнесува 0,19 км2, а најголемата длабочина е 29 м.[2]

Брана и капацитет

уреди

Браната е изградена на Кочанска Река во 1959 година и претстсавува армиранобетонска брана со височина од 29 м, должина на круната од 145 м, ширина на мостот од 0,8 м и ширина на основата од 6 м. Со атмосферските врнежи, езерото годишно во просек добива вода од околу 383.000 м3. Браната има целокупна зафатнина од околу 2.250.000 м3, а водата се користи за наводнување и индустриски цели.<ref name="општина">На мостот на браната е поставена спомен-плоча во чест на изградбата на браната.[2]

Туризам

уреди

Езерото Гратче има и туристичко-рекреативен карактер, со градот Кочани е поврзано по асфалтен пат, а на неговиот брег има неколку објекти со угостителски карактер и хотел. На северната страна на езерото, на самиот спој на Мала и Велика Река се наоѓа археолошкото наоѓалиште Долно Градиште. Околу езерото постојат планинарски пешачки патеки коишто овозможуваат да се заобиколи, а на оддалеченост од околу 1 км по течението на Велика Река се наоѓа Гратчевскиот Водопад којшто настанал со изградба на помошна брана на тоа место. Во повисоките делови од планината има видиковец, а од езерото има патека и до споменикот „Мактеон“.[2]

Галерија

уреди

Поврзано

уреди

Белешки

уреди
  1. Според друг извор, вкупната зафатнина изнесува 2,25 хм3.

Наводи

уреди
  1. Езеро Гратче“. Општина Кочани. 26 март 2018.
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 Ивица Милевски; Зоран Тунтев; Ирена Ружин; Виолета Јанкова; Јане Вртески; Звонко Наумоски (2016). „Студија за состојбата со потенцијалите за развој на туризмот во Источен плански регион“ (PDF). Центар за развој на Источен плански регион. стр. 41. Посетено на 18 февруари 2021.

Надворешни врски

уреди