Леска

Леска (науч. Corylus) — род на листопадни дрва и големи грмушки автохтони во умерените предeли на северната полутопка. Припаѓа на семејството брези (Betulaceae),[2][3][4][5] иако некои ботаничари ги ставаат леските (заедно со габерот и сродниците) во посебното семејство лески (Corylaceae).[6][7] Плодот на леската се нарекува лешник,[8] а местото со лески се нарекува „лескарник“.[9]

Леска
Обична леска (Corylus avellana)
Научна класификација [ у ]
Царство: Растенија
клад: Скриеносеменици
клад: Евдикоти
клад: Розиди
Ред: Буковидни
Семејство: Брези
Род: Леска
L.
Типски вид
Обична леска
(Corylus avellana)
L.
Видови

Во текстот

Синоними[1]

Lopima Dochnahl

Ботаничка илустрација на обична леска (C. avellana)

Леската има прости заоблени листови со двојно назабени рабови. Цветовите излегуваат рано напролет, пред разлистувањето. Дрвото е еднодомно, со еднополови реси. Машките реси се светложолти, долги 5–12 см, додека пак женските се многу мали и скриени во пупките, и видлив им е само крајот. Плодовите (лешници) се оревести, со големина од 1–2,5 см и пречник од 1–2 см. Покриени се делумно или целосно со чашковидна обвивка.[4] Обликот и составот на обвивката се показател за распознавање на видот.[4]

Во Македонија автохтони се обичната леска (C. avellana) и дивата леска (C. colurna).[10]

Видови

уреди

Леската има 14–18 вида:

  • Corylus americana — американска леска, источна Северна Америка
  • Corylus avellana — обична леска, Европа и западна Азија
  • Corylus heterophylla — разнолисна леска, Азија
  • Corylus yunnanensis — јинанска леска, централна и јужна Кина
  • Corylus colchica — колхидска леска, Кавказ
  • Corylus cornuta — рогата леска, Северна Америка
  • Corylus maxima — цариградска леска, Балкан и југозападна Азија
  • Corylus sieboldiana — Зиболдова леска, североисточна Азија и Јапонија (syn. C. mandshurica)
  • Corylus chinensis — кинеска леска, западна Кина
  • Corylus colurna — дива леска, мечкина леска, турска леска, Балкан, Мала Азија
  • Corylus fargesii — Фаржеова леска, западна Кина
  • Corylus jacquemontii — Жакмонова леска, Хималаи
  • Corylus wangii — Вангова леска, југозападна Кина
  • Corylus ferox — хималајска леска, Хималаи, Тибет, југозападна Кина (syn. C. tibetica).

Постојат и неколку хибриди од видови што припаѓаат на разни оддели на родот.

Употреба

уреди

Обичната леска се одгледува за лешниците, како храна. Постојат повеќе сорти на цариградска леска како украсно растение во градините и парковите, како оние со извиткани стебла (C. avellana 'Contorta'), жални гранки (C. avellana 'Pendula') и виолетови листови (C. maxima 'Purpurea').

Леската е традиционален материјал за правење на кошари, огради за трла и кошници.

Леската како мотив во уметноста

уреди

Галерија

уреди

Наводи

уреди
  1. Kew World Checklist of Selected Plant Families
  2. Леска (Corylus) Архивирано на 14 јануари 2009 г. — GRIN (англиски)
  3. Chen, Z.-D. et al. (1999). Phylogeny and evolution of the Betulaceae as inferred from DNA sequences, morphology, and paleobotany. Amer. J. Bot. 86: 1168–1181. достапно тука
  4. 4,0 4,1 4,2 Rushforth, K. (1999). Trees of Britain and Europe. Collins ISBN 0-00-220013-9.
  5. Huxley, A., ed. (1992). New RHS Dictionary of Gardening. Macmillan ISBN 0-333-47494-5.
  6. Bean, W. J. (1976). Trees and Shrubs Hardy in the British Isles 8th ed., vol. 1. John Murray ISBN 0-7195-1790-7.
  7. Erdogan, V. & Mehlenbacher, S. A. (2002). Phylogenetic analysis of hazelnut species (Corylus, Corylacae) based on morphology and phenology. Sist. Bot. Dergisi 9: 83–100.
  8. „лешник“Дигитален речник на македонскиот јазик
  9. „лескарник“Дигитален речник на македонскиот јазик
  10. Ристовски, Блаже, уред. (2009). „Леска“. Македонска енциклопедија. , книга . Скопје: МАНУ. стр. 759. Text "series " ignored (help)
  11. Борис Леонидович Пастернак, Изабране песме. Нови Сад: Orpheus, 2011, стр. 76.

Надворешни врски

уреди