Лихнид

археолошко наоѓалиште во Македонија

Лихнид на Охридското Езеро се развил во убав град на површина од близу 40 хектари. Ако хеленистичкиот град, што израснал на местото на Самоиловата крепост, се ширел јужно сè до езерскиот брег, во римскиот период тој ќе се шири кон исток, така што, ќе го опфати и соседниот рид Дебој.

Лихнидскиот театар во Охрид, денес наречен антички театар

Познато е (делумно и од натписите), дека во градот покрај театарот, постоеле и други јавни градби, како: агора, гимназион, булевтерион, цивилна базилика, храмови. За жал, поради наслојувањето на современиот Охрид, овие градби не се ископани.

Во доцно античкиот период градот бележи подем. Се градат повеќе ранохристијански цркви, од кои секако централна и веројатно катедрална е поликонхалната базилика кај Имарет, изградена од втората половина на 5 век.

Архитектонските и градежните остатоци од седумте ранохристијански цркви на Лихнид, од своја страна, ја потврдуваат активната христијанска организација во градот, позната и преку многуте лихнидски свештеници - епископи: Зосим и Дионизиј (собор во Сердика, 343 г.); епископот Анатолиј (Втор собор во Ефес, 449 г.); епископот Лаврентиј (од писмото на папата Галезиј или наследникот Анастасиј 2 до Лаврентиј, крајот на 5 век) кој паѓа во немилост кај византискиот цар Анастазиј 1, и во 516 година ќе биде задржан во престолнината, од каде што по 7 години ќе се врати во Лихнид, каде што умира на осумдесетгодишна возраст; епископот Теодорит (потписник на "libellus", на 7 март 519 г.).

Интересно откритие од Лихнид е античкиот театар кој сè уште не е целосно откриен.

Тетарот е ситуиран под Самоиловата тврдина блиску до Горната порта на источнот дел на ридот во Охрид, од каде што се пружа незаборавна глетка на езерото и планините кои го опкружуваат.

Класичниот театар бил изграден пред околу 2000 години или во доцниот македонски период или кратко по Римското освојување. Првите најдени запишани споменувања на постоењето на театарот беа направени на крајот на 19 и почетокот на 20 век. Уште тогаш биле направени напори за откривање на театарот но тоа резултирало со делумни ископувања кои не ги дале саканите резултати. Сондажите во 1960 година помогнале да се открие поточно локацијата како и да се одреди точно големината на тетарот. Систематски археолошки ископувања започнале 1977 и по шестгодишна пауза продолжиле во 1984.

Без сомневање едно од најважните откритија е она на имињата на членовите на публиката врежани во нивните седишта во аудиториумот. Тоа биле луѓе кои биле претплатени или имале сезонски билети за присуство на претставите.

Класични драми - трагедии и комедии - биле изведувани на отворената сцена, исто како во другите театри во класичниот период.Лихнид на Охридското Езеро се развил во убав град на површина од близу 40 хектари. Ако елинистичкиот град, што израснал на местото на Самоиловата крепост, се ширел јужно сè до езерскиот брег, во римскиот период тој ќе се шири кон исток, така што, ќе го опфати и соседниот рид Дебој.

Познато е (делумно и од натписите), дека во градот покрај театарот, постоеле и други јавни градби, како: агора, гимназион, булевтерион, цивилна базилика, храмови. За жал, поради наслојувањето на современиот Охрид, овие градби не се ископани.