Жаба (река)

река во Југозападна Македонија
(Пренасочено од Река Жаба)

Жабарека во Југозападна Македонија и лева притока на Црна Река. Речните води се проценува дека би можеле да послужат како извор за производство на електрична енергија.

Жаба
Поглед на реката Жаба
Местоположба
Физички особености
Извор 
 • местоБушева Планина
 • надм. вис.1.600 м
Устие 
 • место
Црна Река
 • координати
41°16′29″N 21°11′11″E / 41.27472° СГШ; 21.18639° ИГД / 41.27472; 21.18639
 • надм. вис.
636 м
Должина21 км
Големина на сливот92,82 км2
Проток 
 • просечен0,366 м3
Особености на сливот
ТечениеЦрна РекаВардарЕгејско Море
Речен сливВардар

Течение

уреди

Течението на реката започнува на Бушева Планина, северозападно од Крушево, каде што таа настанува од повеќе извори на надморска височина од околу 1.600 м. По своето течение, таа поминува низ селата Арилево (каде е позната под името Шапка) и Долно Дивјаци. Кај селото Долно Дивјаци од нејзината лева страна се влева реката Распаќе (Горноливадска Река). Во Црна Река се влева од нејзината лева страна, над селото Прибилци, на надморска височина од 638 м.[1]

Хидрографија

уреди

Жаба е долга 21 км, а вкупната површина на речниот слив изнесува 92,82 км2. Надморската височина на почетокот на течението е околу 1.600 м, додека при вливот во Црна Река е 638 м, со што релативниот пад е 23,7‰.[1] Просечниот речен проток изнесува 366 л/сек.[2]

Енергетика

уреди

По течението на реката е планирана изградба на мала хидроцентрала со инсталирана моќност од 380 KW.[2]

Галерија

уреди

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 Петрушевски, Илија; Маркоски, Благоја (2014). Реките во Република Македонија. Скопје: Геомап. стр. 29-30. ISBN 978-9989-2117-6-8.
  2. 2,0 2,1 Табела со локации за 37 МХЕЦ на сливовите на р. Вардар, Треска, Брегалница, Струмица и Црн Дрим, „Министерство за животна средина и просторно планирање“.

Надворешни врски

уреди