Татари
Татари (татарски: Tatarlar/Татарлар) е заедничко име за некои туркојазични народи од Источна Европа и Средна Азија. Денешниот татарски jазик се однесува кон кипчачката група на туркиските jaзици. Денешните Татари се делат на Сибирски Татари, Астрахански Татари, Вазански Татари и Кримски Татари.
x90px![]() | |
Вкупен број | |
---|---|
6,362,700[1] | |
Подрачја со значајно население | |
![]() | 5,554,601[2] |
![]() | 324,080[3] |
![]() | 261,000[4] |
![]() | 97,000[4] |
![]() | 69,000[4] |
![]() | 60,000[4] |
![]() | 52,000[4] |
![]() | 30,000[4] |
![]() | 26,000[4] |
![]() | 23,000[5] |
![]() | 13,000[4] |
![]() | 11,000[4] |
![]() | 7,500[4] |
![]() | 4,900[4] |
![]() | 3,700[4] |
![]() | 3,000[4] |
![]() | 2,800[4] |
![]() | 2,689[6] |
![]() | 2,500[4] |
![]() | 800[4] |
Јазици | |
татарски јазик, руски јазик | |
Вероисповед | |
Воглавно ислам со малцинско православно население[7] |
Историски, Татарите се едно од монголските племиња и зборуваат на монголски jaзик. Покорени од Џингис Хан, подоцна се вклучуваат во монголските напади врз Азија и Европа. Името "Татари" средновековните писатели го изведуваат од името на Тартар, грчки бог на подземниот свет, како поврзување со бруталноста на татаро-монголските орди во Европа. Така името "Татари" е употребувано за опис на сите народи кои прегазиле делови од Азија и Европа под водство на Монголците во 13 век. Подоцна под истото име се подразбираат речиси сите номадски освојувачи од Азија, независно дали се од Монголија или од крајните западни делови на Азија. До почетокот на 20 век, Русите со името "Татари" именуваат бројни народи, почнувајќи од Азерите до сибирските племиња.
Денес Татарите живеат во средишните и јужните делови на Русија, (мнозинството во Татарстан), Узбекистан, Казахстан, Украина, Таџикистан и Киргистан. Нивната бројност е околу 10 милиони. Мнозинството се муслимани.
Денешните Татари потекнуваат од населението на наjзападниот дел на монголската држава - Златна Орда, коjа опфаќа делови од денешна Украина, Русија и Казахстан. Таму Татаро-Монголите биле малуброjни и се измешале со локалното кипчачко (куманско население), како и со други постари народи како Прабугарите. Кипчачкиот туркиски jaзик се наложил како доминантен и се зборува во различни дијалекти од денешните Татари. Подоцна Златната Орда се разделила на неколку делови, меѓу кои се и Казањското, Астраханското и Кримското Ханство.
ПоврзаноУреди
БелешкиУреди
- ↑ https://joshuaproject.net/people_groups/15284
- ↑ „Демоскоп Weekly - Приложение. Справочник статистических показателей“. Demoscope.ru. Посетено на 2011-03-07.
- ↑ „Uzbekistan - Ethnic minorities“ (PDF). Посетено на 2011-06-03.
- ↑ 4,00 4,01 4,02 4,03 4,04 4,05 4,06 4,07 4,08 4,09 4,10 4,11 4,12 4,13 4,14 4,15 Joshua Project. „Tatar Ethnic People in all Countries“. Joshua Project. Посетено на 2011-03-07.
- ↑ http://www.webcitation.org/query?url=http://www.geocities.com/Athens/9724/Tatar_FAQ-shs007.html&date=2009-10-25+05:38:38
- ↑ [1]
- ↑ „Ethno-cultural Internet-server of the Kryashens“. Kryashen.ru. 2000-12-07. Посетено на 2011-03-07.