Терцијар

(Пренасочено од Терциер)

Терцијар[1][2]геолошки период од изумирањето на диносаурусите, приближно пред околу 65 милиони, и почетокот на последното ледено доба (квартер) пред околу 1,8 милиони години. Според моментно важечката временска скала, наместо терциерот стојат два периода: палеоген и неоген, кои понатаму се поделени на епохи. Според тоа, терцијарот е времето од почетокот на геолошката епоха палеоцен до крајот на геолошката епоха плиоцен.

На почетoкот на терцијарот цицачите ги замениле влекачите како доминантна група `рбетници. Секоја епоха на терцијарот е определена според одреден стадиум во развојот на цицачите. Најраните препознатливи хоминоидни предци на човекот Proconsul и Australopithecus се појавиле во овој период. Денешните птици, влекачи, водоземци, риби и безрбетници или веќе биле бројни на почетокот на овој период или се појавиле на самиот негов почеток. Се појавиле и современите фамилии на цветниците. Морските безрбетници и `рбетници претрпеле средно ниво на еволуција.

Климата во текот на терцијарот полека почнала да се лади, почнувајќи од палеоценот со тропско-кон-умерени температури, а се завршила со широко замрзнување на крајот на периодот.

Наводи

уреди