Зелка е ливкасто зелено или виолетово двегодишно растение, растено како едногодишно растение за своите глави со густи листови. Има потекло од дивата зелка, Brassica oleracea, и е тесно поврзана со брокулата и карфиолот. Зелките генерално тежат од 0,5 до 4 килограми, и можат да бидат зелени, виолетови и бели. Во услови на долги сончеви денови, како во високи северни предели во лето, зелките можат да растат многу поголеми.

Зелка
Cabbage and cross section on white.jpg
Бела зелка, цела и во надолжен пресек
ВидBrassica oleracea
Сортна групаCapitata
ПотеклоЕвропа, пред 1000 година п.н.е.

Зелката најверјоатно била доместицирана некаде во Европа пред 1000 година пред нашата ера. До Средниот век, зелката станала важен дел од Европска кујна. Зелките генерално се берени во првата година од животниот циклус на растението, но растенија наменети за добивање на семиња се дозволени да растат до втората година, и мора да се чуваат одвоени од други растенија од истата сортна група, за да не се случи накрсно опрашување.

Енергетска и нутритивна вредностУреди

Енергетска и нутритивна вредност на 100 g свежа бела зелка
Хранливи материи Мерна единица Количина
Енерг. вредност kcal/kJ 24/100
Вода g 92,52
Белковини g 1,21
Јаглехидрати g 5,37
Прехранбени влакна g 2,30
Липиди g 0,18
Холестерол mg 0,00
Витамин А IU 126,00
Тиамин mg 0,05
Рибофлавин mg 0,03
Ниацин mg 0,30
Фолати μg 57,00
Пантотенска киселина mg 0,14
Витамин Ц mg 42,00
Калциум (Ca) mg 47,00
Магнезиум (Mg) mg 15,00
Фосфор (P) mg 23,00
Калиум (K) mg 246,00
Натриум (Na) mg 18,00