Бачило
(Пренасочено од Мандра)
Бачило[1] или мандра[2] – една од основните градби во сточарска населба.[3] Старешината на бачилото се нарекува бач.[4]
Покрај бачилото основни градби во една сточарска населба се: колиба, трло, слон, појата, страга, поило, солило, говедарник и кочина. Бачилото и колибата се наменети за сточарите, а останатите објекти за ситниот и крупниот добиток. Бачилото е поделено на два дела: во првиот дел, каде се отвореното огниште со казанот, креветите и садовите за брашно и сол, престојуваат сточарите, а во вториот дел, каде се преработува млекото во млечни производи, се сместени качиња, бутини, ведра, чинии, котлиња и др.[3]
Галерија
уредиНародни поговорки
уредиПоврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ „бачило“ — Дигитален речник на македонскиот јазик
- ↑ „мандра“ — Дигитален речник на македонскиот јазик
- ↑ 3,0 3,1 „Етнологија – Народно стопанство“. Музеј на Македонија. Посетено на 28 април 2021.
- ↑ „бач“ — Дигитален речник на македонскиот јазик
- ↑ „Македонски пословици и поговорки“. Посетено на 28 април 2021.
- ↑ „Македонски народни пословици и поговорки“. Посетено на 28 април 2021.
Надворешни врски
уреди- „Традиционално сточарење во Мариово“. Архивирано од изворникот на 2021-04-28.