Јакупица
Јакупица или Мокра Планина — планински масив во Централна Македонија. Составена е од повеќе планински делови: Караџица, Даутица, Голешница, Китка, Мумџица, Салакова Планина и Осој. Планинскиот масив е настанат во терциерот, со раседнување. Јадрото е составено од гнајс и од кристалести шкрилци, а над нив се наоѓаат дебели слоеви на мезозојски варовници и доломити. На планината се наоѓаат траги од ледената епоха, претставени преку циркови (две езера), валови и морени. Јакупица е богата со разновидна флора и фауна, пасишта, извори - врела и др. Највисок и најзабележлив врв е Солунска Глава, висок 2.540 метри. Други важни врвови се: Караџица (2.473 м), Попово Брдо (2.380 м), Остар Брег (2.365 м), Убава (2.353 м), Остар Врв (2.275 м) и Даутица (2.178 м).
Јакупица | |
---|---|
Солунска Глава | |
Месноста Долна Бабина Дупка со Нежиловските Стени и врвот Солунска Глава (во позадината) на планината Јакупица | |
Највисока точка | |
Надм. вис. | 2.540 м [1] |
Истакнатост | 1.666 м |
Заведена како | ултра |
Друго име | Солунска Глава |
Географија | |
Место | Македонија |
Матичен венец | Јакупица |
Искачување | |
Најлесен пат | лесно планинарење, но големиот врв (приближно последните 30 метри) затворен од војската. |
Релјефот е пресекуван од бројни чисти и брзи планински реки. Големи области се покриени со букови, дабови и игнолисни шуми. Исто така, постојат очигледни траги на исконски глацијација од делувалниот период. Во последно време голем број на институции имаат дадено предлог Јакупица, како и целиот масив Мокра Планина да станат национален парк[2].
Овој планински масив е лесно достапен од главниот град Скопје или од градот Велес и многуте села во оваа област.
На чисти и јасни денови, од врвот Солунска Глава се верува дека може да се види градот Солун во Грција, па оттука доаѓа и врвот.
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ http://www.ii.uib.no/~petter/mountains/europf.html#glava
- ↑ http://kanal5.com.mk/default.aspx?mId=37&egId=13&eventId=81477 Еколозите бараат нов национален парк во Централна Македонија
Надворешни врски
уреди- Јакупица на Ризницата ?
- Подробна топографска карта на Јакупица Архивирано на 28 август 2016 г. во размер 1:50 000