Караорман — средновисока планина што се протега во западна Македонија. Името на планината потекнува од турските зборови кара — црна и орман – шума. Се протега во меридијански правец север – југ, помеѓу долината на Црн Дрим на запад и долините на Песочанска Река и Сатеска на исток. Највисок врв е Орли Врв (1.794 м). Доста е пошумен, по што го добил и името. Караорман е формиран со набирање во текот на терциерот и заедно со планината Стогово претставува една целина која се протега како венец со оформен синклинален блок во форма на хорст. Геолошкиот состав е претставен со кристалести шкрилци, додека на повисоките делови се наоѓаат варовници. Во правец север–југ планинското било постепено се спушта во Охридско-струшката Котлина.[1]

Караорман
планина
Регион Македонија
Се граничи со Македонија Македонија
Највисока точка Орли Врв
 - височина 1.794 м

Караорман како тема во уметноста

уреди

Наводи

уреди
  1. Географско друштво на СР Македонија (1989). Географски разгледи (27-30. изд.). Скопје-: Друштво.
  2. Славко Јаневски, Глуви команди. Мисла, Скопје, 1966, стр. 14.
  3. Блаже Конески, Поезија. Скопје: Просветно дело, Редакција „Детска радост“, 2011, стр. 51-52.
  4. Анте Поповски, Дрво што крвави. Скопје: Детска радост, Наша книга, Македонска книга, Култура, Мисла, 1991, стр. 193-197.