Отвори го главното мени

Кикиритка

вид растение
(Пренасочено од Кикирики)
Кикиритка
Arachis hypogaea - Köhler–s Medizinal-Pflanzen-163.jpg
Научна класификација
Царство: Растенија
Нерангирано: Скриеносеменици
Нерангирано: Евдикоти
Нерангирано: Розиди
Ред: Бобовидни
Семејство: Бобови
Потсемејство: Глушини
Род: Кикиритки
Вид: Кикиритка
Биномен назив
Arachis hypogaea
L.

Кикиритка (науч. Arachis hypogaea) — зеленчук кој припаѓа на фамилијата бобови или мешункасти растенија (Fabaceae), а потекнува од Јужна Америка, Мексико и Средна Америка. Во Македонија најмногу се одгледува во околината на Струмица.

ОписУреди

Стеблото на кикиритката расте околу 30 до 50 сантиментри. Има жолти цветови, а плодовите растат под земја. Лушпата е рапава и во неа има зрна прекриени со тенка кожичка. За кулинарски потреби се употребуваат зрната од кикиритките.

Кикиритките се богати со белковини, минерали, витамини Е и К и исто така, многу важно, не содржат холестерол. Една е од ретките мешунки кои се богати со витамин Д.

Се препорачува кикиритките да се купуваат со лушпа, бидејќи така ги содржат сите овие витамини и минерали. Докажано е дека доколку умерено се конзумираат кикиритките, доведуваат до помал ризик од срцев удар или мозочен удар, го намалуваат холестеролот, спречуваат воспалување и ги зацврстуваат клетките околу срцето.[1]

ИсторијаУреди

Старите Инки одгледувале кикиритки пред 3.500 години. Дури изработувале и садови во облик на кикиритки и ги украсувале со нив. Шпанските освојувачи во XV век кикиритките ги пренеле во Европа и пошироко низ светот, а интересно е што ова растение стигнало во Северна Америка дури во XVIII век, и тоа од Африка.

ОдгледувањеУреди

 
Нива посадена со кикиритки близу струмичко Колешино, со планината Беласица во позадината

Во почетокот на летото грмушките на кикиритки ги прекривааат полињата. Откако цветовите ќе бидат опрашени, стеблата се спуштаат кон почвата, а жолтите цветови влегуваат под земја на длабочина од шест сантиметри. Плодовите се развиваат под земја во мешунки долги околу 4-5 сантиметри, во кои има од 1 до 4 зрна. Лушпата е рапава, а внатре има бледо жолтеникаво или жолто семе. Ископувањето на кикиритките се врши кон крајот на месец септември.

Кикиритки во МакедонијаУреди

Кикиритките во Македонија се одгледуваат единствено во неколку села во пределот Подгор во подножјето на Беласица во Струмичко, поради поволните услови со значителна влага на почвата[2]. Одгледувањето на кикиритки е започнато на почетокот на шеесетите години на XX век откако е донесено семето од агроном од Струмица кој бил на обука во Војводина[3]. Со текот на времето се променувани и носени семиња и од соседна Бугарија, при што и денес е забележлива разликата во самите плодови на кикиритките[4]. Денес најмногу кикиритки се одгледуваат во околината на селата Колешино, Мокриево, Борисово.

УпотребаУреди

Во индустријата, кикиритките се користат на повеќе од 300 начини и тоа за производство на брашно, сапун, детергент, пластика, до различни креми, шампони и лекови. За разлика од многу други плодови кои во јадењата може и да не ги препознаете, тоа не е случај и со кикиритките, бидејќи тие имаат навистина препознатлив вкус. Кикиритките можат да се јадат пржени, печени, солени или несолени. Од нив се произведува добро познатиот путер од кикиритки, се произведува и масло од кикиритки, а исто така тие се дел од многу десерти и солени јадења. Во Македонија (и пошироко), најпознат производ од кикиритки се веројатно смоките.

Кикиритките како тема во уметноста и во популарната култураУреди

  • „Кикиритки со суво грозје“ - расказ на израелскиот писател Ефраим Кишон од 1977 година.[5]

ГалеријаУреди

ПоврзаноУреди

НаводиУреди

  1. Кикиритки за здраво срце
  2. Според кажување на Спасе Тилев (р. 1951), земјоделец, одгледувач на кикиритки од с. Колешино. Забележале Марио Шаревски и Иван Живковиќ на 31.05.2018 и 27.08.2018
  3. Според кажување на Спасе Тилев (р. 1951), земјоделец, одгледувач на кикиритки од с. Колешино. Забележале Марио Шаревски и Иван Живковиќ на 31.05.2018 и 27.08.2018
  4. Според кажување на Спасе Тилев (р. 1951), земјоделец, одгледувач на кикиритки од с. Колешино. Забележале Марио Шаревски и Иван Живковиќ на 31.05.2018 и 27.08.2018
  5. Ephraim Kishon, Kod kuće je najgore – Obiteljske priče, drugo izdanje. Zagreb: Znanje, 1984, стр. 100-104.