Ореовечка Рекарека во Прилепско. Реката извира над селото Ореовец, по кое и го добила името, и се влева во Прилепското Езеро.[1]

Пред 1967 година, кога било изградено Прилепското Езеро, Ореовечка Река течела низ градот Прилеп заедно со Дабничка и Селечка Река. Тие ја сочинувале Прилепска Река (се среќава и како Градска Река), која јужно од градот, преку Блато (Дебрешка Река), се влива во Црна Река под селото Тројкрсти.

Големите поплави во Македонија во ноември 1962 година

уреди
Прва светска војна: Мостот кај Табана
Прва светска војна: Мостот кај месноста Табана, позната по работилниците за обработка на кожи

За време на големите поплави во Македонија во ноември 1962 година е забележано дека Ореовечка Река надошла и ги однела двата дрвени моста во подрачјето на Табана. Во ова подрачје била загрозена и една приватна куќа, поради лизгање на земјиштето на левиот речен брег. Реката довлекла дрвја и неколку грла стока. Големи површини на Прилепското Поле се нашле под вода.[2]

Наводи

уреди
  1. „Хидросистем“. Тутунски комбинат АД Прилеп. Архивирано од изворникот на 2010-02-11. Посетено на 2010-03-11.
  2. Нова Македонија, Скопје, сабота, 17 ноември 1962 година, година XVIII, број 5777, стр. 3.