Мал Ѓол (познато и како Мало или Горно Караниколичко Езеро) — ледничко езеро во Македонија, едно од 27. езера на Шар Планина.[1]

Мал Ѓол
Мало Караниколичко Езеро
Горно Караниколичко Езеро

Грешка во Lua во package.lua, ред 80: module 'Module:Infobox dim' not found

Површина 7.610 м2
Должина 107,5 м
Ширина 103,3 м
Обем 330 м
Длабочина 0,5 м
Надморска висина 2.288 м
Планина Шар Планина

Езерото се наоѓа во сливното подрачје на реката Пена на надморска височина од 2.288 метри, северозападно од Кривошијското Езеро.[2]

Од ова езеро како истека се создава Караниколичка Река, која како лева притока на Пена се влива кај селото Вешала.[2]

Одлики

уреди

Тоа е второто езеро од трите кои го носат името Ѓол на Шар Планина. Тоа е мало ледничко езеро кое се наоѓа на Караниколскиот простор на 2.300 метри надморска висина, непосредно веднаш на запад над Караниколичко Езеро во вдлабнатина (цирк) под врвовите Скарпа и Гури Шереметица. Басенот му е карпест и има крушковидна форма. Површината околу езерото е ливадеста. Долго е 115, а широко е 102 метри. Вкупниот обем му изнесува 313 метри и има површина од 8.240 м². Длабоко е 0,80 метри. Се одликува со бистра вода, но на дното е матна. Иако нема приливи, езерото никогаш не пресушува. Кога има голем водостој водата се одлива преку карпесто влабнатото корито.[3]

Мерења во 2020 г.

уреди

Пред прогласувањето на новиот национален парк „Шар Планина“, во извршената студија за валоризација на паркот се дадени мерењата дека езерото има површина од 7.610 м2, длабоко е 0,5 метри, долго е 107,5 метри, широко е 103,3 метри и средна широчина од 70,8 метри. Бреговата линија која е долга 330 метри има скоро кружен облик и се одликува со најмал коефициент на разгранетост кај сите шарпланински езера, чија вредност е 1,07.[2]

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. Rista Nikolić: "Glacijacija Šar Planine i Koraba“, Beograd, 1912 godina.
  2. 2,0 2,1 2,2 „СТУДИЈА ЗА ВАЛОРИЗАЦИЈА НА ШАР ПЛАНИНА“ (PDF). Министерство за животна средина. 2020. Посетено на 29 јануари 2022. line feed character во |title= во положба 31 (help)
  3. Живко Стефановски, Напредок Тетово, Шар Планина, стр 52

Надворешни врски

уреди