Кварцит
вид метаморфна карпа
Кварцит — тврда метаморфна карпа што е составена првенствено од кварц.[1] Песочникот се претвора во кварцит со загревање и притисок, обично поврзан со тектонско збивање во орогени појаси. Чистиот кварцит е обично бел до сив, иако кварцитот често се јавува во различни нијанси на розова и црвена боја поради различните количини на железен оксид (Fe2O3). Се јавуваат и други бои (жолта, портокалова), и се должат на присуството на други минерали.[2][3]

Наводи
уреди- ↑ Essentials of Geology, 3rd Edition, Stephen Marshak, с. 182
- ↑ Powell, Darryl. „Quartzite“. Mineral Information Institute. Архивирано од изворникот на 2009-03-02. Посетено на 9 септември 2009.CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)
- ↑ „кварцит“ — Дигитален речник на македонскиот јазик
Надворешни врски
уреди„Кварцит“ на Ризницата ? |