Пеликани

(Пренасочено од Пеликан)
Пеликани
Период: олигоцен-денес
Обичен пеликан
Научна класификација
Царство: Животни
Колено: Хордати
Класа: Птици
Ред: Пеликановидни
Семејство: Пеликани
Rafinesque, 1815
Типски вид
Pelecanus onocrotalus
Linnaeus, 1758
Видови

8, во текстот

Пеликани (научPelecanidae) — семејство големи водни птици. Карактеристични се со нивниот долг клун и вреќичката под него, која им служи за лов и исцедување на водата од клунот. Тие имаат светло перје, со исклучок само на два вида. Клуновите, ќесичката и кожата на лицето им добива малку боја пред сезоната на парење. Фосилните остатоци од пеликаните се стари најмалку 30 милиони години.

Таксономија и систематизација

уреди

Семејството прв официјално го опишал Карл Лине во 1758 г.[1] Името потекнува од старогрчкото пелекан (πελεκάν),[2] што произлегува од зборот пелекис (πελεκυς) кој значи „секира“.[3] Во античко време, зборот се однесувал и на пеликаните и на клукајдрвците.[4]

Пеликаните го дале своето име на редот пеликановидни, кој со текот на времето претрпува промени.[5]



Suliformes


Pelecaniformes


Ardeidae



Threskiornithidae






Scopus umbretta



Balaeniceps rex




Пеликани (Pelecanus)





Дијаграмот е заснован на Hackett et al. (2008).[5]

Видови

уреди

Осумте вида пеликани може да ги поделиме во 2 групи, едната со 4 пеликани кои гнездат на земја со претежно бели перја, и другата со 4 пеликани со сиви или кафени перја и кои гнездат или на дрва или на морски карпи.

Живи видови пеликани
Секојдневни и стручни називи на птиците[6] Фотографија Опис Ранг и статус
Кафен пеликан
Pelecanus occidentalis
Лине, 1766
 
Долг е 1.4 m, распон на крилјата 2 – 2.3 m, тежи 3.6 – 4.5 кг.[7] Најмал пеликан, прекриен со кафено перје, се храни со нурнување.[8] Пет подвида. Живее од брегот на северна Америка и Карибите до јужна Америка и Галапагос.[9] Статус: Најмала загриженост.[10]
Перуански пеликан
Pelecanus thagus
Молин, 1782
 
Долг е 1.52 m, распон на крилјата 2.48 m,[11] тежи околу 7 кг.[12] Со темни перје и светли линии од главата надолу по страните на вратот. Монотипичен е. Тихоокеанскиот брег на јужна Америка, од Еквадор и Перу до јужен Чиле.[9] Статус: Близу до загрозен.[13]
Точкестоклун пеликан
Pelecanus philippensis
Гмелин, 1789
 
Долг е 1.27 – 1.52 m, распон на крилјата 2.5 m, тежи околу 5 кг.[14] Претежно има сиво-бело перје, розовкаста задница и клун со точки.[14] Монотипичен. Јужна Азија, од јужен Пакистан, преку Индија, источно до Индонезија;[9] веќе изумрен во Филипини и источна Кина.[14] Статус: Близу до загрозен.
Розов пеликан
Pelecanus rufescens
Gmelin, 1789
 
Долг е 1.25 – 1.32 m, распон на крилјата 2.65 – 2.9 m,[15] тежи 3.9 – 7 кг.[16] Сиво-бело перје, повремено розовкасто на грбот, со жолта точка на врвот на клунот и сива ќесичка.[15] Монотипичен. Африка, Сејшели и југозападна Арабија;[9] изумрен на Мадагаскар.[17] Статус: Најмала загриженост.[18]
Американски бел пеликан
Pelecanus erythrorhynchos
Gmelin, 1789
 
Долг е 1.3 – 1.8 m, распон на крилјата 2.44 – 2.9 m, тежи 5 – 9 кг.[19] Перјето е речиси цело бело, освен пердувите за летање кои се црни и се гледаат само во лет. Монотипичен. Северна Америка, зимува во Мексико.[9] Статус: Најмала загриженост.[20]
Обичен пеликан
Pelecanus onocrotalus
Linnaeus, 1758
 
Долг е 1.40 – 1.75 m, распон на крилјата 2.45 – 2.95 m, тежи 10 – 11 кг.[21][22] Бело перје, со розовкасто лице и нозе. Монотипичен. Широко распространет, од источен Медитеран, на исток до Индокина, на југ до јужна Африка.[9] Статус: Најмала загриженост.[23]
Кадрав пеликан (бабјак)
Pelecanus crispus
Bruch, 1832
 
Долг е 1.60 – 1.80 m, распон на крилја 2.70 – 3.20 m, тежи 10 – 12 кг .[21][22] Најголем пеликан, со кадрави перје на главата, сиви нозе и сивкасто-бело перје.[15] Монотипичен. Југоисточна Европа, до Индија и Кина.[9] Статус: Ранлив.
Австралиски пеликан
Pelecanus conspicillatus
Temminck, 1824
 
Долг е 1.60 – 1.90 m, распон на крилјата 2.5 – 3.4 m, тежи 4 – 8.2 кг.[24] Претежно бело перје, со црни пердуви на крилјата, и долг, тенок розов клун. Монотипичен. Австралија и Нова Гвинеа, повремено се среќава во Нов Зеланд, Соломони, Бизмарков Архипелаг, Фиџи.[9] Статус: Најмала загриженост.[25]

Опис

уреди
Лов на риби, кафен пеликан, Јамајка

Пеликаните имаат крупно тело покриено со бели, розово-бели, сиво-бели или потемни пердуви. Перјата за летање на врвовите од крилата им се црни или темни. Имаат мала глава, долг врат, а карактеристичен е нивниот долг клун со растегливо ќесе. Розовкастите нозе им се кратки и силни, а четирите прсти споени со кожичка за пливање. На земја е тромав, но добро плива и многу добро и високо лета. Живеат во јата, крај големи езера, мочварни брегови, плитки калливи морски брегови или широки речни утоки.

Исхрана

уреди

Се храни со риби кои ги ловат заеднички, но и со други водни животни. Пленот го здогледуваат во лет, па слетуваат во полукруг со раширени крилја и ги опкружуваат преплашените риби.

Размножување

уреди

Во сезоната на парење, голите површини кожа им добиваат поживи бои: жолта, портокалова или црвена. Гнездата ги прават во поголеми колонии, на земја, со трски, водени растенија и гранки. Еднаш годишно снесуваат 2-3 бели јајца. Младенчињата ги хранат и двата родитела, со полусварена храна која ја чуваат во ќесичката под клунот.

Наводи

уреди
  1. Linnaeus, C (1758). Systema Naturae per Regna Tria Naturae, Secundum Classes, Ordines, Genera, Species, cum Characteribus, Differentiis, Synonymis, Locis. Tomus I. Editio Decima, Reformata (латински). Holmiae: Laurentii Salvii. стр. 132–34. Rostrum edentulum, rectum: apice adunco, unguiculato. Nares lineares. Facies nuda. Pedes digitís omnibus palmatis.
  2. Jobling, James A. (2010). The Helm Dictionary of Scientific Bird Names. London, United Kingdom: Christopher Helm. стр. 296. ISBN 978-1-4081-2501-4.
  3. Partridge, Eric (1983). Origins: a Short Etymological Dictionary of Modern English. New York, New York: Greenwich House. стр. 479. ISBN 0-517-414252.
  4. Simpson, J.; Weiner, E., уред. (1989). „Pelican“. Oxford English Dictionary (2. изд.). Oxford, United Kingdom: Clarendon Press. стр. 1299. ISBN 0-19-861186-2.CS1-одржување: повеќе имиња: список на уредници (link)
  5. 5,0 5,1 Hackett, S.J.; Kimball, R.T.; Reddy, S.; Bowie, R.C.K.; Braun, E.L.; Braun, M.J.; Chojnowski, J.L.; Cox, W.A.; Han, K.-L.; Harshman, J.; Huddleston, C.J.; Marks, B.D.; Miglia, K.J.; Moore, W.A.; Sheldon, F.H.; Steadman, D.W.; Witt, C.C.; Yuri, T. (2008). „A Phylogenomic Study of Birds Reveals Their Evolutionary History“. Science. 320 (5884): 1763–68. doi:10.1126/science.1157704. PMID 18583609.CS1-одржување: повеќе имиња: список на автори (link)
  6. „Zoological Nomenclature Resource: Pelecaniformes (Version 2.003)“. www.zoonomen.net. 14 December 2011. Посетено на 21 May 2012.
  7. „Brown Pelican“ (PDF). Endangered Species Program information sheet. US Fish & Wildlife Service. November 2009. Архивирано од изворникот (PDF) на 20 јуни 2012. Посетено на 9 June 2012.
  8. Ridgely, Robert S.; Gwynne, John A. (1992). A Guide to the Birds of Panama: With Costa Rica, Nicaragua, and Honduras. Princeton, New Jersey: Princeton University Press. стр. 63. ISBN 0691025126. Посетено на 29 June 2012.CS1-одржување: повеќе имиња: список на автори (link)
  9. 9,0 9,1 9,2 9,3 9,4 9,5 9,6 9,7 Sibley, Charles Gald; Monroe, Burt Leavelle (1990). Distribution and Taxonomy of Birds of the World. Yale University Press. стр. 314–15. ISBN 0300049692. Посетено на 29 June 2012.CS1-одржување: повеќе имиња: список на автори (link)
  10. Pelecanus occidentalis. IUCN Red List. Version 2011.2. International Union for Conservation of Nature. 2011. Посетено на 19 June 2012.
  11. Chester, Sharon R. (2008). A Wildlife Guide to Chile: Continental Chile, Chilean Antarctica, Easter Island, Juan Fernández Archipelago. Princeton, New Jersey: Princeton University Press. стр. 174–75. ISBN 0691129762. Посетено на 29 June 2012.
  12. Austermühle, Stefan (Updated 17 October 2010). „Peruvian Pelican“. Mundo Azul. Архивирано од изворникот на 2012-06-04. Посетено на 9 June 2012. Проверете ги датумските вредности во: |date= (help)
  13. Pelecanus thagus. IUCN Red List. Version 2011.2. International Union for Conservation of Nature. 2011. Посетено на 19 June 2012.
  14. 14,0 14,1 14,2 Brazil, Mark (2009). Birds of East Asia. London, United Kingdom: A&C Black. стр. 110. ISBN 0713670401. Посетено на 29 June 2012.
  15. 15,0 15,1 15,2 Beaman, Mark; Madge, Steve (2010). The Handbook of Bird Identification: For Europe and the Western Palearctic. London, United Kingdom: A&C Black. стр. 83–85. ISBN 1408134942. Посетено на 29 June 2012.CS1-одржување: повеќе имиња: список на автори (link)
  16. Elliott (1992), p. 309
  17. Langrand, Olivier (1990). Guide to the Birds of Madagascar. New Haven, Connecticut: Yale University Press. стр. 96. ISBN 0300043104. Посетено на 29 June 2012.
  18. Pelecanus rufescens. IUCN Red List. Version 2011.2. International Union for Conservation of Nature. 2011. Посетено на 19 June 2012.
  19. Nellis, David W. (2001). Common Coastal Birds of Florida & the Caribbean. Sarasota, Florida: Pineapple Press. стр. 11. ISBN 1-56164-191-X. Посетено на 29 June 2012.
  20. Pelecanus erythrorhynchos. IUCN Red List. Version 2011.2. International Union for Conservation of Nature. 2011. Посетено на 19 June 2012.
  21. 21,0 21,1 Snow, David; Perrins, Christopher M, уред. (1998). The Birds of the Western Palearctic concise edition (2 volumes). Oxford, United Kingdom: Oxford University Press. стр. 93–98. ISBN 0-19-854099-X.CS1-одржување: повеќе имиња: список на уредници (link)
  22. 22,0 22,1 Mullarney, Killian; Svensson, Lars; Zetterstrom, Dan; Grant, Peter (1999). Collins Bird Guide. Collins. стр. 76. ISBN 0-00-219728-6.CS1-одржување: повеќе имиња: список на автори (link)
  23. Pelecanus onocrotalus. IUCN Red List. Version 2011.2. International Union for Conservation of Nature. 2011. Посетено на 19 June 2012.
  24. „Australian Pelican“. Unique Australian Animals. Архивирано од изворникот на 2015-11-08. Посетено на 10 June 2012.
  25. Pelecanus conspicillatus. IUCN Red List. Version 2011.2. International Union for Conservation of Nature. 2011. Посетено на 19 June 2012.

Литература

уреди

Надворешни врски

уреди
 
Викицитат има збирка цитати поврзани со: