Отвори го главното мени
Упростен шематски приказ на фауната на еден остров

Фауна (од лат. fauna) е збирен поим за сите животни во едно подрачје или во некој геолошки период.[1] Еквивалентниот поим кај растенијата е флора. Флората, фауната и другите облици на живот како габите заедно се нарекуваат биота.

Во трудовите на зоолозите и палеонтолозите, поимот „фауна“ се однесува на збир од типичниот животински свет во некој временски период или на некое место (на пр. „фауна на Сонора“ или "фауна на камбриумот“. Може да се однесува и на подмножество од фауната во подрачје, како: „... Поречието се одликува со богата цицачка фауна...“.

ЕтимологијаУреди

Зборот „фауна“ е изведен од римската божица Фауна,[1] надлежна за земјата и плодноста и сродните шумски духови наречени фауни. Под истиот поим може да се подразбира и пишано дело (книга, попис) на животни. Поимот прв го употребил шведскиот биолог Карл Линеј во насловот на неговото дело „Фауна на Шведска“ (Fauna Suecica, 1745).[2]

Видови на фаунаУреди

 
Австралиска и новозеландска фауна од првото издание на „Нордиска семејна книга“ (1876–1899)

ЕпифаунаУреди

Епифауната опфаќа водни животни што живее на површина на најдолниот слој на водата (наспроти во самата тиња).

ИнфаунаУреди

Инфауната е сочинета од бенталски организми што живеат во самото дно на некоја водна површина, особено во тињата и талозите. Членовите на оваа група стануваат сè помали и пооскудни на поголеми длабочини, додека пак бактериите се подоследни.

КриофаунаУреди

Криофауната се состои од животните што живеат во или веднаш до мраз.

КриптофаунаУреди

Криптофауна се животните што се среќаваат мошне ретко и се сметаат за изумрени или митолошки (на пр. чудовиштето од Лох Нес).

МакрофаунаУреди

Макрофауната подразбира бенталски или почвени организми што не би се протнале низ сито од 0,5 мм. Во морските длабочина, за макрофауна се сметаат организмите што не поминуваат низ сито од 0,3 мм.

МегафаунаУреди

  Главна статија: „Мегафауна.

Мегафауната се однесува на особено големи животни на извесно подрачје или временски период, како на пр. австралиската мегафауна.

МезофаунаУреди

Мезофауната подразбира макроскопски почвени без‘рбетници како што се членконогите и цевчестите црви. Членовите ма мезофауната се крајно разновидни; само земјените болви (Collembola) имаат 6.500 видови.[3]

МејофаунаУреди

Мејофауната ја сочинуваат мали бенталски без’рбетници што живеат во морски и слатководни живеалишта (најчесто песоци). Овие организми се поголеми од микрофауната, но помали од макрофауната, поточно оние што можат да поминат низ сито од 0,5 – 1 мм, но би се задржале на сито од 30 – 45 μм.[4]

МикрофаунаУреди

  Главна статија: „Микрофауна.

Микрофауната опфаќа микроскопски животни, како што се праживотните и ротиферите.

ДругиУреди

Други видови на фауна се авифауна (со значење „птичја фауна“) и ихтиофауна (што значи „рибја фауна“).

ПоврзаноУреди

НаводиУреди

  1. 1,0 1,1 „фауна“ — Лексикон на македонскиот јазик на офф.нет
  2. Линеј - Енциклопедија Британика (англиски)
  3. Josef Rusek. Biodiversity of Collembola and their functional role in the ecosystem. „Biodiversity and Conservation“ том  7 (9): 1207–1219. doi:10.1023/A:1008887817883. http://www.springerlink.com/content/v7044wm252462k53/. 
  4. Фауна на песочните плажи (англиски)