Караџица — висока планина во Македонија што го зафаќа западниот дел од масивот Јакупица и има правец на протегање југоисток–северозапад. Спрема северозапад продолжува во Сува Планина. Западната планинска страна се одликува со стрмни и високи отсеци кои речиси вертикално се спуштаат во кањонската долина на Треска. Највисоки врвови се истоимениот врв Караџица (2.473 м), Попово (2.380 м) и Убава (2.350 м). Геолошкиот состав е претставен со варовници, поради што планината е целосно карстифицирана без површински водени текови, а со површински карстни облици, пред сè ували.[1].

Караџица
планина
Поглед на Караџица од Водно
Регион Балкан
Се граничи со Македонија Македонија
Највисока точка Караџица
 - височина 2.473 м

Галерија

уреди

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. Географско друштво на СР Македонија (1989). Географски разгледи (27-30. изд.). Скопје: Друштво.