Ветар

(Пренасочено од Ветер)

Ветрот може да се опише како струењето на воздухот, т.е. ветар се воздушните молекули во движење.

Pieter Kluyver - Boom in stormwind.jpg

Ветровите често се класифицираат според просторната скала, нивната брзина, видовите сили кои ги предизвикуваат, географските региони во кои тие дуваат и според нивниот ефект. Иако ветрот сам по себе е самостоен временски феномен, може и да се појави и како дел од некоја бура, најзабележително е во циклонот.

Во човечката цивилизација, ветрот ја инспирирал митологијата, го променли текот на историјата, го проширил ланецот на транспорт и овозможил извор на струја за механичката работа, електричната енергија и за рекреација.

Според времетраењето ветровите ги делиме на постојани, периодични и локални.

Постојани ветровиУреди

  • Пасатите како постојани ветрови дуваат од 30° СГШ и 30° ЈГШ кон екваторот. Поради земјината ротација скршнуваат кон запад.
  • Антипасатите дуваат од екваторот на височина од 4км на север и југ сè до 30°СГШ и 30°ЈГШ од каде го менуваат правецот од запад кон исток.
  • Западните ветрови дуваат на запад од Атлантскиот океан кон земјите на Западна и Средна Европа на исток.

Периодични ветровиУреди

Овие ветрови дуваат во определени области на Земјата, во определен временски период. Од овие ветрови најважни се монсуните кои дуваат во Индокина, југоисточна Азија и Индија. Тие шест мецеци дуваат од морето кон копното, а шест од копното кон морето.

Локални ветровиУреди

Карактеристични се за определени области на Земјата. Најпознати се: Фен, Југо, Бура, Кошава, Вардарец и др.

Ветрот во митологијатаУреди

Ветровите се среќаваат и во митологијата, каде имаат и посебни имиња и карактеристики. Така, во римската митологија, северниот ветар бил наречен Аквилон или Бореј; јужниот ветар се викал Аустер; Зефир бил западниот ветар, кој бил најблаг од сите ветрови и во пролет носел пријатно и топло време; Јапиг (наречен според Јапигија, т.е. Апулија) бил ветар што дувал од северозапад и бил погоден за оние кои патувала кон Стара Грција; Нот бил јужен ветар кој бил многу опасен, зашто често носел бура и ја попречувал пловидбата; Фавонија била персонификација на западниот ветар кој во Италија дувал во февруари, носејќи ја пролетта; додека Еол бил бог на ветровите,[1] кој ги држел затворени во својата пештера.[2]

Ветрот како тема во уметноста и во популарната култураУреди

Ветрот како мотив во книжевностаУреди

Ветрот како тема во музикатаУреди

  • „Лесен ветар“ (Easy Wind) - песна на американската рок-група „Грејтфул дед“ (Grateful Dead) од 1970 година.[15]
  • „Наспроти ветрот“ - песна на македонската енто-група „Dragan Dautovski Quartet“.[16]
  • „Идиотски ветар“ (Idiot Wind) - песна на американскиот рок-музичар Боб Дилан од 1975 година.[17]
  • Со ветрот в лице“ (српски: S vetrom uz lice) - музички албум на српската рок-група „ЕКВ“ (ЕКВ) од 1986 година.[18]
  • „Секој начин на којшто дува ветрот“ (Any Way The Wind Blows) - песна на американската рок-групаМадерс оф инвеншн“ (The Mothers Of Invention) од 1966 година.[19]
  • „Прашина на ветрот“ (Dust in the wind) - песна на американскиот рок-музичар Тод Рундгрен (Todd Rundgren)“ од 1972 година.[20]
  • „Виор“ (Whirlwind) - песна на британската рок-група „Рокси Мјузик“ (Roxy Music)“ од 1975 година.[21]
  • „Ветрот завива“ (англиски: Howlin Wind) - песна од истоимениот албум на британскиот рок-пејач Греам Паркер (Graham Parker) од 1976 година.[22]
  • „Ветрот е див“ (Wild is the wind) - песна на британскиот пејач „Дејвид Боуви“ (David Bowie) од 1976 година.[23]
  • „Божествен ветар“ (Divine Wind) - песна на американската рок-група „Блу Ојстер Калт“ (Blue Oyster Cult) од 1980 година.[24]
  • Со ветрот в лице“ (S vetrom uz lice) - албум на српската рок-група „ЕКВ“ од 1986 година.[25]
  • „Дувај ветру, дувај“ (Blow Wind Blow) - песна на американскиот музичар Том Вејтс (Tom Waits) од 1987 година.[26]
  • „Бакнежи на ветрот“ (Kisses on the Wind) - песна на американската пејачка Нене Чери од 1989 година.[27]
  • „Прашина на ветрот“ (Dust in the wind) - песна на американската група „Канзас“ (Kansas).[28]
  • „Леден ветар“ (Eisiger Wind) - песна на швајцарската панк-рок група „Клинекс/ЛиЛиПУТ“ (Kleenex/LiLiPUT).[29]

Ветрот како тема во филмотУреди

НаводиУреди

  1. „Objašnjenja“, во: Rimska lirika. Beograd: Rad, 1964, стр. 105-108.
  2. Хорације, Одабране песме. Београд: Нолит, 1956, стр. 9.
  3. T. S. Eliot, Selected Poems. Harmondsworth, Middlesex: Penguin Books in association with Faber and Faber, 1952, стр. 23-25.
  4. Italo Kalvino, Pre nego što kažeš „halo“. Beograd: Rad, 2001, стр. 29-36.
  5. Miroslav Krleža, Lirika. Sarajevo: Svjetlost, 1966, стр. 24-25.
  6. Miroslav Krleža, Lirika. Sarajevo: Svjetlost, 1966, стр. 69.
  7. Стефан Маларме, Песме. Београд: Култура, 1970, стр. 14-15.
  8. „Белешка о писцу“, во: Милорад Павић, Кутија за писање. Београд: Народна библиотека Србије, 2012, стр. 121.
  9. Riba, patka, vodozemac: Priče o životinjama (Priredila Ljubica Arsić). Beograd: Laguna, 2014, стр. 383-385.
  10. Анте Поповски, Дрво што крвави. Скопје: Детска радост, Наша книга, Македонска книга, Култура, Мисла, 1991, стр. 76.
  11. Антологија руске лирике – X-XXI век. Књига II: Прва четвртина – средина XX века (авангарда и социјалистички реализам). Београд: Paidea, 2007, стр. 255-256.
  12. Живко Чинго, Пасквелија. Скопје: Култура, 1968, стр. 24-30.
  13. Ацо Шопов, Песни. Скопје: Македонска книга, Мисла и Култура, 1988, стр. 54.
  14. „Хронологија“, во: Ацо Шопов, Песни. Скопје: Македонска книга, Мисла и Култура, 1988, стр. 159.
  15. YouTube, Easy Wind (пристапено на 30.5.2019)
  16. Dragan Dautovski Quartet, The Path of the Sun. Dragan Dautovski - DDQ Music, DDQM 002, 2008.
  17. YouTube, Bob Dylan - Idiot Wind (Audio) (пристапено на 29.3.2020)
  18. Discogs, Ekatarina Velika ‎– S Vetrom Uz Lice (пристапено на 13.8.2020)
  19. Discogs, The Mothers Of Invention ‎– Freak Out! (пристапено на 11.7.2019)
  20. Todd Rundgren ‎– Something / Anything? (пристапено на 27.12.2017)
  21. Roxy Music ‎– Siren (пристапено на 27.12.2017)
  22. DISCOGS Graham Parker And The Rumour ‎– Howlin Wind (пристапено на 24.12.2017)
  23. YouTube, David Bowie - Wild Is The Wind (пристапено на 8.5.2017)
  24. Divine Wind - Blue Öyster Cult - YouTube (пристапено на 24.4.2018)
  25. DISCOGS, Ekatarina Velika ‎– S Vetrom Uz Lice (пристапено на 25.3.2018)
  26. DISCOGS, Tom Waits ‎– Franks Wild Years (пристапено на 20.7.2019)
  27. Neneh Cherry - Kisses On The Wind (посетена на 15.11.2016)
  28. YouTube, Dust in the wind lyrics - Kansas (пристапено на 28.1.2017)
  29. YouTube, Kleenex/LiLiPUT - Eisiger Wind (from Kleenex/LiLiPUT) (пристапено на 1.7.2017)