Исток
Исток е правец во географијата и една од четирите страни на светот. Се наоѓа на спротивната страна од запад и на 90 степени од север и југ. Исток е правецот во кој Земјината топка се врти околу нејзината оска и насоката од која очигледно изгрева сонцето. Во навигацијата со компас, исток е означен со агол од однос 90°.
Потеклото на збирот „исток“
уредиЗборот исток произлегува од праиндоевропскиот збор „aus“ („да сјаје“ или „зора“). Слично значење имаат и стариот горногермански збор „ōstar“ („на исток“), латинскиот збор „aurora“ („зора“) и грчкиот збор „eos“. Исто така, зборот би можел да бид еповрзан и со „Ēostrе“ (германска божица на зората).
Исток како тема во уметноста и во популарната култура
уреди- „Патници од истокот“ (Путници са истока) — песна во проза на српскиот писател Иво Андриќ од 1961 година.[1]
- „Исток-запад“ — книга на Јадранка Владова и Н. Кнеѓевиќ.[2]
- „Исток“ (англиски: East) - песна на англискиот гудачки квартет „Баланеску“ (Balanescu Quartet) од 1994 година.[3]
- „Исток“ (англиски: East) — албум на австралиската поп-рок група „Колд Чизел“ (Cold Chisel) од 1980 година.[4]
- „Исток“ (англиски: East) - песна на американската музичка група „Таксидомун“ (Tuxedomoon) од 1981 година.[5]
- „Север, југ, исток и запад“ (англиски: North, South, East and West) — песна на австралиската рок-група „Чрч“ (The Church) од 1988 година.[6]
Наводи
уреди- ↑ Иво Андрић, Ex Ponto - Немири - Лирика. Београд: Просвета, 1977, стр. 238-239.
- ↑ Магор, Каталог 2015. Скопје, 2015, стр. 22.
- ↑ DISCOGS, Balanescu Quartet* – Luminitza (пристапено на 17.6.2020)
- ↑ YouTube, Cold Chisel - East (1980) Full Album (пристапено на 29.9.2017)
- ↑ DISCOGS, Tuxedomoon – Desire (пристапено на 9.5.2021)
- ↑ YouTube, The Church - Starfish (Full Album) 1988 - 480P.mp4 (пристапено на 15.10.2017)