Леб
Лебот е дел од основните состојки во исхраната. Тој се подготвува со печење, парење или пржење на тесто кое претежно се состои од брашно и вода. Солта најчесто е потребна, а често се користи и квасец. Некои видови леб содржат и зачини и зрна како сусам и мак кои можат да се користат и за декорација.
Лебот може да се јаде сам,намачкан со путер, путер од кикиритки, маргарин, или сладок намаз како џем, желе, мармалад, мед, или пак се користи како дел од сендвичи. Може да биде само печен или дополнително печен на тостер и може да се сервира на секаква температура и на секое место.
Лебот како тема во уметноста и во популарната култураУреди
Лебот се јавува како тема во дела од уметноста и популарната култура, како:
- „Леб“ - песна на македонската поетеса Николина Андова од 2013 година.[1]
- „Леб, хашиш и месечината“ - песна на сирискиот поет Низар Кабани.[2]
- „Леб и вино“ - песна на српскиот поет Миодраг Павловиќ.[3]
- „Леб“ - песна на рускиот писател Борис Пастернак.[4]
- „Леб и страв“ (српски: Hleb i strah) - кус роман на српскиот писател Милисав Савиќ од 1991 година.[5]
- „Леб и сол“ - македонска рок-група.
НаводиУреди
- ↑ Николина Андова, Влезот е од другата страна, Темплум, Скопје, 2013.
- ↑ Arapska poezija. Beograd: Rad, 1977, стр. 112-114.
- ↑ Miodrag Pavlović, Izabrane pesme. Beograd: Rad, 1979, стр. 128-129.
- ↑ Борис Леонидович Пастернак, Изабране песме. Нови Сад: Orpheus, 2011, стр. 255-256.
- ↑ Milisav Savić, Hleb i strah. Beograd: Laguna, 2019.