Церска Река
река во Македонија
Церска Река — река во Демирхисарско, притока на Црна. Извира од Бушева Планина на надморска височина од 1.380 м. Тече меѓу планините Лубен и Баба Сач, минувајќи низ селото Цер. Се влева како повремен речен тек во Големоилинска Река на височина од 750 м[1]
Церска Река | |
---|---|
Местоположба | |
Физички особености | |
Извор | |
• место | Бушева Планина |
• надм. вис. | 1.380 м |
Устие | |
• место | Железнец |
Должина | 17 км |
Особености на сливот | |
Течение | Големоилинска Река → Црна Река → Вардар → Егејско Море |
Долга е 17 км, од кои 10,5 км се со површински водотек, а останатите 6,5 км низ Церското Поле тече како подземен водотек. Сливот има површина од 190 км2, со просечен пад на коритото од 3%.[1]
Завршува кај с. Железнец во горниот тек на Црна Река.
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 1,2 Петрушевски, Илија; Маркоски, Благоја (2014). Реките во Република Македонија (PDF). Скопје: Геомап. стр. 76. ISBN 978-9989-2117-6-8.