Земјоделство, познато и како земјоделие и ратајство — основна (примарна) стопанска гранка и дејност која претставува процес на производство на храна, храна за животни, влакна, суровини за индустриска преработка и други потребни производи преку одгледување на одредени растенија и домашни животни[1]. Со поимот земјоделство се означуваат голема група на аграрни дејности кои првенствено ги опфаќаат: поледелството, сточарството, лозаро-овоштарството. Агрономијата е збир науки, кои ги проучуваат начините на земјоделското производство и стопанисување и иследуваат различни држави на ниво на културно растение- абиотични еколошки услови- биотични еколошки услови.

Земјоделство, орање на ориз во Индонезија
Трактор, механичка направа која го олеснила орањето на нивите
Дел од темата
Хортикултура и градинарство
Градинарство

Градинарство • Градина • Ботаничка градина • Арборетум • Ботаника • Растение

Хортикултура

Хортикултура • Земјоделство • Урбано земјоделство • Градска фарма • Органско полјоделство • Билна фарма • Разонодна фарма • Меѓусад • Фарма

Обичаи

Жетвен фестивал • Историја на земјоделството

Заштита на растенијата

Фитопатологија • Пестицид • Плевење

Историја

уреди

Околу 9.000 години п.н.е. жителите на Средниот Исток почнале да ги садат првите посеви. Оттогаш се испробени многу начини на одгледување на растенија, животни и ловење на риба. Во предисториско време земјоделството започнало со приптомување животни, а потоа и со одгледување растенија[1]. Предисторискиот човек припитомил некои животни (овца, говедо, коњ, коза, куче) од кои добивал млеко, месо, волна и кожа, а подоцна почнал да ги користи за влечење и носење товар, за орање и други потреби[1]. Првичните земјоделски дејности биле забележани во долините на големите реки какви што се Нил во Египет, Тигар и Еуфрат во Месопотамија (денешен Ирак), Инд и Ганг во Индија[1], Јангцекјанг и Хоангхо во Кина. Ратајството влече корени и од предисториска Европа и регионите околу Средоземното Море: во Картагина биле развиени повеќето земјоделски гранки, кои во периодот на Римското Царство достигнале висок степен на развој[1]. Ралото и плугот, српот и другите едноставни земјоделски орудија биле познати на Еѓипќаните, Индијците и Кинезите уште во стариот век[1].

Ограноци

уреди

Начини на земјоделско производство

уреди

Во основа постојат два начина на производство во земјоделството: интензивно - каде што по единица површина или по грло добиток се вложуваат многу труд и средства заради остварување високи приноси што е карактеристично за густо населените земји, и екстензивно - каде што се остварува сразмерно низок принос, но количински доволен за задоволување на предвидените потреби, што е карактеристично за поретко населените земји[1]. Современата земјоделска дејност, не секаде рамномерно, користи разновидни земјоделски машини (комбајни, трактори, сеалки, вршалки) и агротехнички средства (ѓубрива и препарати) за постигнување поголеми и подобри производни резултати[1]. Со висок степен на механизација и со користење на научни сознанија од агрономијата, земјоделството во современиот свет е сè повеќе индустријализирано и во голема мера ослободено од елементарните природни предуслови[1].

Направи

уреди

Земјоделството ширум светот

уреди

Најголемиот број на луѓе во светот се вклучени во земјоделството како нивна примарна економска активност, но и покрај тоа, тоа сочинува само четири проценти од светскиот БДП. Сепак, денес земјоделството е важен фактор за економскиот раст на една земја. Повеќе од половина од светското жителство своите основни прехранбени потреби ги задоволува само со три житарки: пченица, пченка и ориз. Азија дава повеќе од 90% од вкупниот светскиот принос на ориз, додека Бразил го снабдува светот со 85% од вкупното произвидство на сок од портокал.

Во 2014 година, во Македонија, во регистерот на Управата за јавни приходи биле регистрирани вкупно 164 992 земјоделци, од кои, 16 593 се регистрирале како лица на кои земјоделството им е основна дејност, додека другите 143 399 пријавиле дека земјоделството им е дополнителна дејност.[2]

Производ Најголем произведувач
Чај Индија
Говеда Австралија
Кафе Бразил
Јајца Кина
Компир Русија

Земјоделството како тема во уметноста

уреди
  • „Рада жние“ — македонска народна песна.[3]
  • „Стогови“ — песна на рускиот поет Борис Пастернак од 1957 година.[4]
  • „Копање“ — песна на северноирскиот поет Шејмас Хини.[5]

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 1,4 1,5 1,6 1,7 1,8 Јован Павловски, уред. (2006). МИ-АНОВА енциклопедија, општа и македонска. 2. Скопје: МИ-АН. стр. 525–526. ISBN 998-61393-1 Проверете ја вредноста |isbn=: length (help).
  2. „Од 165.000 регистрирани земјоделци, 12.500 уплаќаат за пензија“, Дневник, година XVIII, број 5596, понеделник, 20 октомври 2014, стр. 6-7.
  3. Ѓорѓи Доневски, Сокол ми лета високо. Скопје: Културно-уметничкото друштво „Гоце Делчев“, 1978, стр. 152.
  4. Борис Леонидович Пастернак, Песме и поеме. Нови Сад: Orpheus, 2011, стр. 249-250.
  5. Шејмас Хини, Песме. Београд: Цицеро, Земун: Писмо, Нови Сад: Матица српска, 1993, стр. 5-6.